Скопјaнец заедно со малолетник силувале малолетничка од Тетово


Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 11 часот и 40 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, го лишиле од слобода 54-годишниот А.Д. од скопско Арачиново, поради сомнение дека заедно со малолетник од Скопје, со кого одржувала контакт преку социјалните мрежи, на 29-ти овој месец во Тетово извршиле обљуба на малолетничка од Тетово.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, кој на 30 јануари во 19 часот во СВР Тетово го пријавила 40-годишната мајка на малолетничката.