Шпанија избра песна за „Евросонг“, Србите обвинија за плагијат на песна од 2017 година (видео)


Шпанија– Шпанците викендов ја избраа песната за овогодишниот „Евросонг“ во Торино. Станува збор за „SloMo“ на пејачката Шанел.

Но, по изборот, многумина препознаа плагијат кон српската турбо-фолк пејачка Дара Бубамара и на нејзината песна „Extravagantno“ од 2017 година. И Србинката ја сподели песната на Инстаграм, со кус саркастичен коментар – „Малку сте ме ископирале“.