Комисијата за заразни болести доби нов претседател – д-р Александар Петличковски
За прв пат по избувнувањето на пандемијата на корона вирусот во Комисијата за заразни болести дојде до значајни промени. За нов претседател на Комисијата е избран професорот и директор на Институтот за имунологија д-р Александар Петличковски. Седницата на Комисијата за заразни болести се` уште трае и нема информации дали досегашниот претседател епидемиологот д-р Жарко Караџовски останува во нејзиниот состав.
Д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом – Скопје е поставен за нов портпарол на Комисијата.
Комисијата денеска расправа за начинот на кој ќе се врши скринингот на учениците во училиштата.
Новите кадровски промени во Комисијата за заразни болести, која е советодавно тело на министерот за здравство, ќе ги соопшти министерот Беким Сали на прес конференција попладне.