Наутро студено, преку ден за викендот до 13 степени


Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Утре и во сабота изутрина ќе биде студено, а потоа температурите ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер. Според УХМР, локални врнежи од дожд и снег ќе има во сабота во текот на ноќта во западните делови и […]

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита


Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јануари годинава. -Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство […]

„Сините ноќи без тебе“- „Дивље јагоде“ со жестока рок-песна го најавува новиот албум


„Сините ноќи без тебе“ е првата нова песна на регионалните рок ѕвезди Дивље јагоде по албумот „Џубокс“ и најавата за нов студиски албум. Во својот препознатлив авторски печат, основачот на бендот, Зеле Липовача, на публиката и подарува уште една жестока рок песна која покажува дека и по повеќе од 40 години, бендот се уште е […]

Стопанската комора ќе обезбеди четиримесечна бесплатна програма за развој на стартап бизниси


Стопанската комора на Северна Македонија од овој месец започнува со четиримесечна бесплатна Програма за развој на стартап бизниси. Една од целите на Програмата е вмрежување со компаниите во Комората и презентација на идеите пред соодветните компании кои можат да бидат заинтересирани за соработка со стартап бизнисите. Исто така придобивка од ваквата Програма е и можноста […]

Столица купена на пазар за пет фунти, продадена за над 16.000 фунти


Столица купена на пазар за стари работи во англискиот град Брајтон, во Источен Сасекс, се покажа дека е дело на познат уметник и потоа беше продадена на аукција за 16.250 фунти. Жителка го купила столчето од дрво и ратан за пет фунти. Го донела дома, го разгледала и испратила неколку слики од парчето мебел до […]

Уште не се најдени пари за камери во сообраќајот, жртвите на улиците намалени, но гинат и деца


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека се очекува наскоро да биде завршена финансиската конструкција за новиот систем „Безбеден град“ (Safe city), додавајќи дека постоечкиот не може да контролира сообраќај, а идејата е да се направи систем којшто покрај за јавната безбедноста, ќе се користи и за контрола на сообраќајот. – Во однос на […]

Сите против плановите на Инфантино за Светско првенство во фудбал на две години


  Плановите на ФИФА за Светско првенство во фудбал на две години се најдоа во координирана заседа од членовите на Меѓународниот олимписки комитет во Пекинг, со едно предупредување дека тоа ќе му нанесе „немерлива штета“ на глобалниот спорт. Тројца делегати по ред на 139-от конгрес на МОК во Пекинг ја нападнаа контроверзната идеја на Џани […]

Германската Комисија за вакцини препорачува втора засилувачка доза вакцина против Ковид за одредени групи луѓе


Германија–  Германското официјалното тело за вакцинација препорача да се даде втора засилувачка доза вакцина против коронавирус на особено ризичните групи, јави ДПА. Постојаната Комисија за вакцинација, (STIKO), е независен панел од експерти кои ја советуваат владата за време на пандемијата. Комисијата денеска соопшти дека луѓето над 70-годишна возраст, лицата во установи за нега, оние со […]

Ембла ја покажа суровоста на околината, повторно е со своите соученици


Четвртоодделеката Ембла Адеми од Гостивар е повторно меѓу соучениците во ОУ „Башкими“. Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение поради бојкот на родителите на учениците од паралелката кои се жалеле на агресивност од ова 11-годишно девојче со Даунов синдром. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири утрово на Фејсбук соопшти дека на негово […]

Принцезата Мери од Данска го одбележа 50. роденден со гламурозни портрети


Данска– Родендените изгледаат малку поинаку кога сте член на кралско семејство. Оваа недела, принцезата Мери од Данска го одбележа претстојниот 50-ти роденден во вистински кралски стил, споделувајќи нов сет на портрети на кои таа и нејзиниот сопруг, престолонаследникот Фредерик изгледаат особено гламурозно. За таа прилика, принцезата избра блескава, ледено сина вечерна тоалета украсена со светки […]

Ердоган и духот на Скендербег


  Последната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Албанија не беше како другите во минатото. Секако, албанскиот премиер Еди Рама го почести со црвениот тепих, но поранешната возбуда беше видливо отсутна. Народот и политичката класа беа поделени. Одлуката на Ердоган да ја посети Албанија на годишнината од смртта (17 јануари 1468 година) на […]

Ученичка во Германија веќе девет месеци е позитивна на брзи тестови, а негативна на ПЦР


Веќе девет месеци наназад брзи антигенски тестови на коронавирус кај 15-годишната Ева Валрабенштајн, од Хановер, покажуваат позитивен резултат, но кога таа се тестира со PCR тест, резултатот е секогаш негативен. Лекарите не можат да ја најдат причина за оваа состојба, а тинејџерката има проблеми секогаш кога прави брз тест за коронавирус. Според германската телевизија RTL, […]

Шведска следната недела ќе ги укине Ковид ограничувањата


Шведска следната недела ќе ги укине ограничувањата воведени за спречување на ширењето на пандемијата и покрај рекордниот број заразени, бидејќи смета дека вакцинацијата со трета доза ќе ја задржи хоспитализацијата на прифатливо ниво. Сегашните ограничувања, кои вклучуваат рано затворање на баровите и рестораните и ограничување на собири до 500 луѓе во затворени простории, беа продолжени […]

Болниците во Бугарија под притисок од големиот број новозаболени


  Се зголемува притисокот врз болниците во Бугарија поради корона вирусот, а расте и бројот на примени на одделенијата за интензивна нега. Нови 9.152 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, а од нив 75 отсто не се вакцинирани. Се зголемува бројот на активни случаи на корона вирус во земјата и тие се […]

Во училиштата во Центар 17 асистенти овозможуваат инклузивност на децата со попреченост


Општина Центар и оваа година, петта по ред, продолжува со активностите за финансиска поддршка на невработени лица како лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби од општинските основни училишта.  Проектот започна со целосна финансиска поддршка на УНДП и Министерството за образование, за сега веќе втора година по ред истиот да се реализира со комплетно […]

Прифатена гаранција од 192 илјади евра, укинат куќниот притвор за Драги Рашковски


Советот на  Апелацискиот суд Скопје, составен од судиите Тања Милева, претседател на советот, Ѓоко Ристов и Лирие Елези Ајрулау, членови на советот, ја уважи жалбата на првообвинетиот во случајот „Софтвери”, Драги Рашковски и му ја укина мерката куќен притвор. Во одлуката на скопска апелација се вели и дека се прифаќа понудената гаранција од страна на […]

Почина Христос Сарѕетакис, поранешен грчки претседател и еден од јунаците од филмот „З“


  Поранешниот грчки претседател Христос Сарѕетакис почина во четвртокот рано наутро во болница во Атина. Тој имаше 92 години. Сарѕетакис од 4 декември се лекуваше од пневмонија на одделот за интензивна нега, откако разви акутна респираторна инсуфициенција. Роден е во 1929 година во Солун. Неговиот татко бил полициски службеник од Ханија, Крит, додека неговата мајка […]

Федерер не знае кога ќе се врати на тенисот, коленото сѐ уште го мачи


Швајцарија– Роџер Федерер изјави дека до мај треба да знае дали би можел да се врати на тенисот, откако откри дека сè уште не му било дозволено да трча по тројната операција на коленото. Федерер најави дека планира да продолжи со интензивното вежбање овој месец, признавајќи од тоа зависи дали ќе се врати на терените на […]

Какви мажи ги привлекуваат девојките според хороскопот


Ако некогаш сте се запрашале какви мажи ги привлекуваат жените според хороскопот, ви го носиме одговорот на тоа прашање … Секоје жена има различен вкус и тип на мажи кои ја привлекуваат. Ова важи и за посилниот пол. Имено, постои посебен тип на мажи кои жената ќе ја привлече. Често можеме да слушнеме дека спротивностите […]

Холандски гинеколог со своето семе оплодувал пациентки – има 21 дете


Гинеколог од Холандија, за време на лекување неплодност, а користејќи ја сопствената сперма, зачнал најмалку 21 дете, покажа нова истрага. Џос Бек работел во болницата „Елизабет“ во Лејдердорп, сега дел од болницата „Алријне“, меѓу 1973 и 1998 година. Тој почина 2019 година. Двојките што ги лекувал Бек верувале дека тој користи сперма од анонимни донори. […]