МБА: Фондот за осигурување депозити целосно е финансиран од премиите


Фондот за осигурување на депозити иако е државна финансиска институција основана со посебен закон, целосно е финансиран од премиите за осигурување на депозитите на физичките лица кои ги уплаќаат банките и штедилниците согласно нивната законска обврска, соопшти Македонската банкарска асоцијација (МБА) во врска со, како што наведува, неодамнешните написи објавени во медиумите со кои се […]

На „Криволак“ завршни активности на здружената вежба на НАТО „Neptune Strike 22“


На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе бидат извршени летачки вежбовни активности со воздухоплови од вооружените сили на САД, во рамки на планираните редовни заеднички вежбовни активности на НАТО. Овие вежби се изведуваат како дел од завршните активности на вежбата „Neptune Strike 22“, која се изведува во медитеранскиот регион во период од 24 јануари до 05 […]

Кралицата Елизабета во недела одбележува 70 години владеење


Англија– Кралицата Елизабета Втора во недела ќе стане првата британска владетелка која е на тронот цели 70 години, со што ќе го означи почетокот на нејзината платинеста јубилејна година. Нејзиното владеење започна на 25-годишна возраст и оттогаш таа стана единствениот постојан актер во период на брзи општествени и политички промени и шеф на модерна Британија. […]

Песков: Испраќањето американски војници во Европа е причина за загриженост


Распоредувањето американски војници во Европа е доказ дека Русија има причина за загриженост, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. -САД де факто продолжуваат да ги зголемуваат тензиите во Европа, рече Песков. Тој оцени дека распоредувањето војници „е најдобар доказ дека Русија има очигледна причина за загриженост“. Пентагон претходно соопшти дека 2.000 американски војници ќе бидат […]

Апелација го укина куќниот притвор на Трајко Вељаноски


Апелацискиот суд ја укина мерка куќен притворот за Трајко Вељаноски. На обвинетиот ќе му се определи мерка притвор ако не дојде на уредно доставената покана и за тоа не го оправда изостанокот, побегне или го повтори или го доврши кривичното дело или го стори кривичното дело со кое се заканува. – Мерката куќен притвор против […]

Ердоган во посета на Киев откако предложи Анкара да биде посредник во смирувањето на тензиите со Русија


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ќе отпатува за Украина, откако предложи Анкара да биде посредник во смирувањето на тензиите со Русија, без да зазема страна.   Русија ги отфрла западните тврдења дека планира инвазија на Украина и бара безбедносни гаранции дека НАТО нема да се прошири на исток, ниту дека ќе инсталира ракетни системи […]

НАСА планира да ја сруши Меѓународната вселенска станица во Тихиот Океан


НАСА има намера да ја одржи во функција Меѓународната вселенска станица (ИСС) до крајот на 2030 година, по што планира да ја сруши во зафрлен дел од Тихиот Океан познат како Поинт Немо. Работата на склопување на станицата во вселената започнала во 1998 година, а од 2000 година таму престојуваат астронаути и спроведуваат научни истражувања. […]

Франција сака да го олесни решавањето на спорот на Македонија со Бугарија


Франција е на располагање да помогне и да го олесни процесот на разговори помеѓу Северна Македонија и Бугарија, вели францускиот државен секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи Клеман Бон по средбата што вчера ја имаше во Париз со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и шефот на дипломатијата Бујар Османи. […]

Макрон предлага реформа на Шенген зоната


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е потребна реформа на Шенген зоната и дека таа треба да се раководи на редовни министерски состаноци, како што е тоа случајот со  еврозоната. Британските медиуми пренесуваат дека на последниот состанок на европските министри за правда и внатрешни работи Макрон кажа дека таканаречен Шенгенски совет да проценува како функционира […]

„Спејс-Икс“ постави американски шпионски сателит во земјината орбита


 Ракета „Фалкон 9“ на американската приватна компанија „Спејс-Икс“ вчера лансираше сателит во земјината орбита што ќе биде во служба на американските вселенски сили, соопшти Националната канцеларија за извидување (НРО) задолжена за изградба и управување со американската воена сателитска мрежа. „Ракетата со сателитот ’НРОЛ-87‘ полета во 12.27 часот по локално време (21.27 часот по средноевропско време) […]

Уништувањето на шумите во бразилскиот Амазон на рекордно високо ниво


Бразил– Околу 360 квадратни километри прашума во бразилскиот Амазон се уништени само во јануари годинава. Ова е најголемата бројка регистрирана за јануари од 2015 година, соопшти Националниот институт за вселенски истражувања (Инпе). Инпе користи сателитски снимки за своја анализа, користејќи брзо истражување за да ги испита промените во шумата во реално време. Според тоа, бројките на Инпе можат […]

Ричард Гир го продава идиличниот дом во природа во кој живеел 20 години (фото)


САД- Ричард Гир го продава обемниот комплекс на северот на Њујорк што го поседува повеќе од 20 години. Актерот првпат го купи имотот во 1986 година и, со текот на годините, создаде повеќе структури на 48,7 хектари. Главната резиденција во стилот на Нова Англија е најголема со површина од 11.658 квадратни метри и содржи осум […]

Електромагнетните бранови – можна причина за „Хаванскиот синдром“


САД– Електромагнетните бранови може да бидат причината за мистериозниот „Хавански синдром“, што ги погоди американските дипломати и војници ширум светот, соопштија вчера од американското разузнавање, потврдувајќи ја претпоставката за намерни напади. Според експертската група консултирана од разузнавачките агенции, електромагнетните и ултразвучните бранови со краток дострел би можеле да бидат причината за некои „анормални здравствени инциденти“ […]

Бајден и Макрон се договорија за координирана акција против Русија


САД– Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот француски колега Емануел Макрон во средата се согласија координирано да одговорат на руското воено присуство на украинската граница, соопшти Белата куќа.   Во телефонскиот разговор што се случи откако Макрон не ја исклучи можноста да ја посети Русија за да се најде дипломатско решение за кризата, „двајцата лидери […]

Серџо Матарела денеска ќе положи заклетва на својот втор претседателски мандат


Италија –  Серџо Матарела денеска ќе положи заклетва за својот втор мандат како претседател на Италија, по минатонеделните нерешени избори што резултираа со неговиот повторен избор на функцијата за која веќе не беше заинтересиран, јави ДПА. Предвидено е 80-годишниот претседател да одржи говор на попладневната церемонија во Домот на пратеници во Рим. Матарела во изминатиот период […]

Американските авиокомпании бараат укинување на тестирањето за вакцинираните против Ковид


САД – Американските авиокомпании и туристичките агенции во средата побараа од владата на претседателот Џо Бајден да ја укине обврската за вакцинираните патници да покажат негативен тест за коронавирус за да можат да влезат во Соединетите Американски Држави, со цел закрепнување на туристичкиот сектор.   „Закрепнувањето на секторите за туризам и воздушен транспорт зависи од одлуката […]

Заокружување на проектот „Мобилен систем за снимање со камери“


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и вршителот  на работите во Амбасадата на САД, Ерик Мејер, денеска ќе присуствуваат на заокружувањето на проектот „Мобилен систем за снимање со камери“. Настанот ќе се одржи во кругот на Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај во Петровец, Скопје. 

Премиерот Ковачевски во прва посета на Брисел


Белгија – Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска и утре првпат откако е на функција ќе оствари посета на седиштата на ЕУ и НАТО во Брисел. Ковачевски утрово ќе се сретне прво со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На средбата ќе бидат присутни и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и министерката за одбрана […]

Разговорите за минимална плата продолжуваат в петок


Владата, синдикатите и работодавачите не постигнаа договор за синдикалното барање за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Вчера, по неколкучасовната расправа на седница на Економско-социјалниот совет, консензус имало единствено дека минималната плата треба да се зголеми, но не и за тоа колкаво треба да биде зголемувањето или на каков начин да се дојде до […]

Активни 14.336 случаи, идната недела ќе се утврдува дали неколку пациенти го имаат подвидот на омикрон БА2


Активни се 14.336 случаи во државава од кои најголем број 8031 се во Скопје. Според вчера објавените податоци при направени се 4.667 тестови, регистрирани се 1.543 нови случаи со КОВИД-19, 18 починати лица и 1.961 оздравен пациент. Примероци од пет пациенти тестирани за КОВИД-19 со наменски тестови кои ги користи Институтот за јавно здравје се […]