Апелација го укина куќниот притвор на Трајко Вељаноски


Апелацискиот суд ја укина мерка куќен притворот за Трајко Вељаноски.

На обвинетиот ќе му се определи мерка притвор ако не дојде на уредно доставената покана и за тоа не го оправда изостанокот, побегне или го повтори или го доврши кривичното дело или го стори кривичното дело со кое се заканува.

– Мерката куќен притвор против обвинетиот Т. В. од С., определена со решение на претседателот на судечкиот совет КОК.бр……….. од 26.07.2021 година, а поради постоење на причините предвидени во чл.165 ст.1 т.1 од ЗКП, се укинува, соопштија од Апелационен суд Скопје.

Трајко Вељаноски, поранешниот претседател на Собранието, е во куќен притвор за случајот „Организатори на 27 април“ за кој од првостепениот суд е осуден на шест години и шест месеци затвор.