Макрон предлага реформа на Шенген зоната


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е потребна реформа на Шенген зоната и дека таа треба да се раководи на редовни министерски состаноци, како што е тоа случајот со  еврозоната.

Британските медиуми пренесуваат дека на последниот состанок на европските министри за правда и внатрешни работи Макрон кажа дека таканаречен Шенгенски совет да проценува како функционира зоната, да донесува заеднички одлуки и ќе ја олеснува координацијата за време на кризи.

-Овој Совет може да стане лицето на силна, заштитничка Европа, која може да ги контролира нејзините граници, а со тоа и својата судбина, рече Макрон.

Тој додаде дека првиот состанок на овој Совет ќе се одржи кога следниот пат на 3 март ќе се соберат европските министри за правда и внатрешни работи.

Предлогот на Макрон бара поддршка и од другите земји-членки на ЕУ, но француските власти посочуваат дека нема да биде неопходно да се менуваат договорите на ЕУ.

-Треба да ја реформираме Шенген зоната. Не може да има слобода на движење доколку не ги контролираме нашите надворешни граници, рече Макрон.

Франција предлага и воспоставување механизам за кризни ситуации што би можел да се активира во случај на закани за надворешните граници на Унијата.