Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено во источните делови. Минималната температура, како што информираат од УХМР, ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени. Во Скопје, променливо облачно […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 3 февруари 2022 година, 34-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 331 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 46 минути, а ќе зајде во 16 часот и 49 минути. Денов трае 10 часа и 3 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Пандев потпиша за Парма за која брани Буфон


Италија – Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, од пред два дена е потпиша за Парма, каде брани прославениот голман Џанлуиџи Буфон. – Сè се случи набрзина и желбата да играм и да бидам протагонист, кој ќе придонесе за остварување на амбициите на клубот ме натера на оваа одлука. Се надевам дека ќе биде […]

Анкета во Србија: Граѓаните веруваат во лидер со „цврста рака“


  Белградскиот центар за безбедносна политика (БЦБП) спроведе истражување за тоа што мислат српските граѓани за состојбата на демократијата во Србија, колку им веруваат на институциите и дали се подготвени да се приклучат на активистичка иницијатива. Резултатите би можеле да се сведат на една реченица – во Србија нема демократија, а не е ни пожелнa. […]

Гвинет Палтроу го покажа домот во Монтесито што го уредуваше шест години


САД- Оскаровката Гвинет Палтроу конечно го има домот од нејзините соништа – по шестгодишен процес на дизајнирање. 49-годишната основачка на Goop понуди внатрешен поглед на нејзиниот извонреден дом во Монтесито, Калифорнија на насловната страница на мартовското издание на Architectural Digest . Палтроу го опишува дизајнот како „париски стан сместен во стара европска штала“ со високи […]

Еминем, Дуран Дуран, Лајонел Ричи, Доли Партон меѓу номинираните за Рокенрол холот на славните


САД – Рокенрол холот на славните денеска ги објави номинираните за 2022 година, откривајќи ги 17-те артисти подобни за прием во класата 2022 година. По прват номинирани се Еминем, кој ја доби номинацијата веднаш штом ги исполни условите, како и  Бек (Beck), Дуран Дуран, Доли Партон, Лајонел Ричи, Карли Сајмон и A Tribe Called Quest. Меѓу оние […]

Влада: Се подготвува веб-платформа за решенијата за изолација, податоците ќе бидат заштитени


Државниот здравствен и санитарен инспекторат во консултација со Министерството за здравство, со Агенцијата за заштита на личните податоци и со Владата го изготвува дигиталниот модел за испорака на информациите и решенијата за изолација до граѓаните заради утврдена инфекција или заради контакт со позитивен од КОВИД-19. Моделот, како што соопшти владината прес-служба, подразбира дека секој граѓанин […]

Дали во Македонија стигна варијантата на Омикрон БА.2?


Примероци од пет пациенти тестирани за КОВИД-19 со наменски тестови кои ги користи Институтот за јавно здравје се селектирани за секвенционирање, кое почнува во понеделник, а дали кај нив ќе се потврди присуство на варијантата на омикрон позната како БА2 ќе се знае по завршувањето на секвенционирањето односно по една недела. Официјалниот извештај ќе следи […]

Генчовска: Бугарското МНР строго ќе го почитува договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија


 Министерството за надворешни работи на Бугарија, строго ќе го почитува мандатот на Советот на министри, декларацијата на Народното собрание и договорот меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија. Тоа го изјави денеска бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на прашање дали има несогласувања меѓу претседателот и Владата на темата Република Северна Македонија. Таа посочи […]

Нови 1.543 случаи со Ковид-19, вкупно 26 починати лица 


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 4.667 тестови, а регистрирани се 1.543 нови случаи со Ковид-19, 18 починати лица и 1.961 оздравен пациент, соопшти Министерството за здравство. Од 1.543 новозаболени од Скопје се 784, Битола – 98, Куманово – 81, Кавадарци – 59, Тетово – 58, Струмица – […]

На 93 години почина познатиот адвокат Саво Коцарев


  Една од легендите на македонската адвокатура, познатиот Саво Коцарев, почина денеска на 93 години во Скопје. Коцарев цели 55 подини беше во адвокатурата и беше бранител во многу познати случаи и работеше речиси до последниот ден. Во именикот на адвокати се запишува во 1967 година и беше носител на лиценцата број 31. Коцарев е […]

Радев се налутил за „Булгаргаз“, се „истури“ на Македонија


На министерот за иновации и раст на Бугарија, Даниел Лорер,  не му пречат критиките на претседателот Румен Радев за постапките на новата влада предводена од Кирил Петков  во однос на Северна Македонија. „Надворешната политика на земјата ја одредува владата, која работи заедно со Националното собрание“, рече тој. На прашањето за неговата посета на Северна Македонија, […]

Бил или не бил Каракачанов југословенски агент врбуван во Скопје


  Тврдењето на поранешниот директор на Службата за државна безбедност, Слободан Богоевски, дека лидерот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, бил врбуван од тајните служби во Скопје, ја крена полтичката темепратура во Софија. При долгиот разговор во емисијата „Во вентар“ на Васко Ефртов, Богоевски, кој важи за патријарх на македонските тајни служби, рече дека многу добро […]

Цените на горивата во Германија достигнаа историски рекорди


Горивото во Германија достигна рекордни цени. Еден литар „Супер“ на бензинските пумпи во Германија во просек денеска чини 1,712 евра, а дизел 1,640 евра, соборувајќи го ценовниот рекорд од 2012 година, објави денеска Германскиот генерален автомобилски клуб (ADAC). – Многу возачи се загрижени за сегашниот пораст на цените, изјави експертот за цени на горивото во […]

Радев барал од Пич права за македонските Бугари


Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска имаше телефонски разговор со специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, соопштија од прес-секретаријатот на шефот на државата. Во фокусот на разговорите беа европската перспектива на Република Северна Македонија и земјите од Западен Балкан и клучното значење на евроинтегративниот процес за безбедноста и стабилноста на […]

Владата уверува: Решенијата за изолација ќе бидат со заштитени податоци


Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци и без нивно јавно откривање   Државниот здравствен и санитарен инспекторат, во консултација со Министерството за здравство, со Агенцијата за заштита на личните податоци и со Владата го изготвува дигиталниот модел за испорака на информациите и решенијата за […]

Османи му врачи признание на Бадинтер по повод 30 години независност на државата


По повод 30 години од независноста на Република Северна Македонија, францускиот сенатор Роберт Бадинтер, доби признание од земјава. Признанието му го врачи шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој заедно со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, го посетија во неговиот дом во Париз. -Ми беше особена чест и задоволство да го посетам сенаторот Роберт Бадинтер, […]

Претседателот на Си-Ен-Ен поднесе оставка


Претседателот на американската медиумска куќа Си-Ен-Ен, Џеф Закер, денеска соопшти дека поднел оставка, која веднаш стапува во сила. Тој како причина наведе дека не сакал да открие кога започнал љубовна врска со своја најблиска соработничка, што било побарано од него во рамки на истрагата за Крис Куомо, братот на поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, […]

Беса бара три, АА осум изборни единици


Движењето Беса бара три, наместо една изборна единица и за сите измени на Изборниот законик да има консензус од сите партии. -Предлагаме спојување на првата со втората изборна единица, третата со четвртата и петтата со шестата, a Изборниот закон да се донесе консензуално значи сите политички партии, изјави пратеникот на Беса, Фадиљ Зендели по средбата […]

Бојкот во училиште: Наставничка ги нарекувала учениците неспособни и инвалиди


Ги навредувала учениците, психички ги малтретирала, ги терала да стојат пред табла 45 минути да видат како и е нејзе – непрофесионалниот однос на наставничката по математика  ги разлути родителите на шестооделенците во О.У „Љубен Лапе“. Денеска ја бојкотираа наставата. Велат оваа состојба се провлекува со години. Алармирале до надлежните но безуспешно.  Директорката на училиштето […]