Еминем, Дуран Дуран, Лајонел Ричи, Доли Партон меѓу номинираните за Рокенрол холот на славните


САД – Рокенрол холот на славните денеска ги објави номинираните за 2022 година, откривајќи ги 17-те артисти подобни за прием во класата 2022 година.

По прват номинирани се Еминем, кој ја доби номинацијата веднаш штом ги исполни условите, како и  Бек (Beck), Дуран Дуран, Доли Партон, Лајонел Ричи, Карли Сајмон и A Tribe Called Quest. Меѓу оние кои чекаат да бидат примени во Рокенрол куќата на славните веќе неколку години од исполнувањето на условите се и Пет Бенатар, Кејт Буп, Дево, Јуритмикс, Rage Against the Machinе и други.

Еминем (49), роден како Маршал Метерс, е единствениот од 17 кандидати кој ја доби номинацијата во својата прва година на подобност – што е 25 години по деби снимката на уметникот.

Ако Еминем го додаде членството во рок сала на неговите 15 Греми, пет број 1 синглови и Оскарот за најдобра песна, тој ќе стане само вториот бел хип-хоп изведувач што некогаш успеал да влезе во RRHOF – по Beastie Boys во 2012 година. И Еминем би бил само седмиот хип-хоп артисти кој некогаш бил примен, а Џеј Зи е последниот рапер што го дозна тајното ракување минатиот октомври – исто така во неговата прва година на подобност.

Еминем – кој ќе настапи заедно со Др Дре, Кендрик Ламар, Мери Џеј Блајџ и Снуп Дог на шоуто на полувремето на Супер Боул на 13 февруари – веројатно е единствениот, според американските медиуми, кој сигурно ќе биде примен во Рокенрол холот на славните годинава.