Георгиева: ММФ ќе им помогне на државите засегнати од евентуалниот конфликт меѓу Русија и Украина


 Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е подготвен да им помогне на земјите кои можат на некој начин да бидат погодени од конфликтот меѓу Русија и Украина и од санкциите наметнати од западните влади, изјави денеска директорката на ММФ, Кристалина Георгиева. Таа во интервју за „Вашингтон пост лајв“ истакна дека санкциите неизбежно ќе нарушат некои финансиски операции […]

Грција обезбеди 97 писмени заложби за поддршка на кандидатурата за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН


Над 50 отсто од земјите членки на Обединетите нации ја поддржуваат грчката кандидатура за позицијата непостојан член на Советот за безбедност на ОН во 2025-26 година, со обезбедени 97 писмени заложби, соопшти министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас рече дека ова претставува „важен успех на грчката […]

Париз не сака да се губи време околу преговорите со Македонија


– Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и шефот на дипломатијата Бујар Османи во рамки на работната посета на Париз, денеска се сретнаа со Изабел Думон, дипломатски советник за Континентална Европа и Турција на претседателот на Франција, Емануел Макрон. – Франција и Северна Македонија ги имаат поставено европските перспективи на заедничка патека, создавајќи основа за изградба на […]

Во Новаци ќе се гради фотонапонска централа


ДТПУ Меј Груп ДОО Експорт импорт Скопје е компанија која ќе започне да гради фотонапонска централа, една од најголемите фотонапонски централи од 50 MW  во општина Новаци, информира секторот за односи со јавност на општина Новаци Инвестицијата ќе биде реализирана во катастарските општини Билјаник и Рибарци и ќе зафаќа површина од  57 хектари покриена со […]

Кривокапиќ за утре повторно закажа седница на Советот за национална безбедност


Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ за утре претпладне закажал седница на Советот за национална безбедност, неофицијално е потврдено за подгорички Вијести. Претходните две седници не се одржаа поради немање кворум, а според подгоричкиот весник, на утрешната седница нема да присуствуваат повеќето членови – вицепремиерот Дритан Абазовиќ, претседателот на Комисијата за безбедност и одбрана Милан Кнежевиќ и […]

Во Прилеп доделени првите договори за државно земјоделско земјиште под концесија


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со заменик-министерот Трајан Димковски денеска во Прилеп ги доделија првите договори склучени со земјоделците за давање под концесија на државно земјоделско земјиште. Според Николовски, во двата повика се потпишани 903 договори за 1807 хектари, а најмногу од нив се од Прилепскиот регион каде се потпишани 232 […]

Обезбедени нови три илјади транспортни дозволи за домашните транспортери


 Правиме најголем исчекор во транспортниот сектор каде домашните транспортери добиваат нови три илјади меѓународни дозволи за превоз на стока, што е огромна придобивка за транспортните компании и цела домашна економија, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на состанокот со претставниците на транспортните здруженија Америт и Макам Транс. Министерот потенцираше дека со приемот […]

Спасовски: И во ДКП-ата во Австралија се инсталирани базни станици за вадење патни исправи


 Граѓаните да не чекаат јуни или јули за вадење патни исправи, зашто тогаш повеќето тогаш одиме на одмор, па се прават гужви и чекањето е долго. Навреме да проверуваат дали им се истечени и со време да поднесуваат барања за да им бидат издадени нови, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Лани, истакна […]

Рашковски: Нема крај на забеганоста на ВМРО-ДПМНЕ, мајка ми нема сестра


По обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за поврзаност на Драги Рашковски со „Дрисла“, се огласи со реакција поранешниот генерален секретар на СДСМ. „ Досега не сакавме да ја коментираме секоја невистина изнесена од страна на ВМРО- ДПМНЕ во однос на мојата наводна поврзаност со работата на јавното претпријатие ‘Дрисла’, но не може да останеме и неми на […]

Зошто Данска ги укина сите мерки и покрај рекордните бројки на ковид


  Пандемијата на корона вирус се шири низ светот повеќе од две години. Минатата зима сè уште беше јасно: колку е поголема инциденцата, толку позагрижени беа лицата на здравствените експерти и политичарите, а ограничувањата беа построги. Но, со доаѓањето на Омикрон, тоа се промени. Инциденцата од повеќе од илјада повеќе не води автоматски до ново […]

Предлог-законот за минимална плата на собраниска седница на 10 февруари


   Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата што го поднесе партијата „Левица“ е ставен на дневен ред на собраниската седница закажана за 10 овој месец.  Предлог-законските измени се ставени како седма точка на дневен ред и треба да бидат донесени по скратена постапка. Со законот се предлага висината на минималната плата да не […]

Во Хрватска 10.000 новозаразени, 54 починаа


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 10.003 нови случаи на зараза со корона вирусот, а активни се вкупно 60.264. Меѓу нив 2.067 пациенти на болничко лекување, а на респиратор има 190 пациенти. Починаа 54 лица. На брзите тестови позитивни се повеќе од 5.000 луѓе. До денеска тестирани се вкупно 4.267.694, а 19.734 […]

„My Name Is Goran Stefanovski“- Драмски театар со нова премиера во март


Во Драмски театар во Скопје денеска почнаа пробите за новата претстава „Моето име е Горан Стефановски“ чија премиера е закажана за 26 март годинава. Режисер на претставата е Бранислав Миќуновиќ, драматург е Бранислава Илиќ, сценограф Александар Дениќ, костимограф Розе Трајчевска, а авторската музика е на Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат: Билјана Драгиќевиќ – […]

Во судирот со САД за Украина, Путин има помош од Кина


  ПЕКИНГ – Додека Соединетите Држави се обидуваат да извршат максимален притисок врз Русија поради стравувањата од инвазија на Украина, рускиот лидер Владимир Путин најде олеснување кај својот најблизок партнер, моќната на светската сцена, Кина. Кина изрази поддршка за поплаките на Путин против Соединетите Држави и НАТО, се приклучи на Русија во обидот да ја […]

Премиерот Ковачевски во прва официјална посета на Брисел


Премиерот  Димитар Ковачевски утре и задутре, прв пат откако е на функцијата, ќе оствари официјална посета на седиштата на ЕУ и НАТО во Брисел. Тој утре наутро ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На средбата ќе бидат присутни и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска. […]

Почина Моника Вити, симболот на италијанскиот филм од 60-тите


Италија– Италијанската филмска ѕвезда Моника Вити почина на 90-годишна возраст. Веста за смртта на глумицата ја објави нејзиниот сопруг Роберто Русо. Моника Вити е родена како Марија Лујза Чечарели во Рим на 3 ноември 1931 година. Пред неколку месеци наполни 90 години. Музата на режисерот-сценарист Микеланџело Антониони и кралица на италијанската комедија, заедно со Алберто […]

Рекордни 28 милиони евра буџет за самовработување


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Агенцијата за вработување, Беким Мурати денеска ја посетија ИТ компанијата „Маџикс“. При средбата со младата претприемачка Катерина Здравева и вработените, министерката рече дека стартап компанијата е вистински пример дека владините мерки за самовработување се успешни, бидејќи за двеипол години таа бележи значителни резултати, не само на […]

Холивуд против Џо Роган: „Ризикува човечки животи со својот идиотизам“


САД – Американската глумица Шерон Стоун го нападна шоуменот Џо Роган дека „ги ризикува животите на луѓето со својот идиотизам“. Ова е дел од полемиката за познатиот и сега веќе прилично контроверзен радиоводител последниве денови. – Ковидот не е прашање на мислења, а г-н Роган мисли дека неговото мнение е во прилог на одрекувањето од одговорност […]

Бугарскиот претседател е во самоизолација


 Бугарскиот претседател Румен Радев е во самоизолација бидејќи неговата сорруга Десислава е со позитивен тест за корона вирусот, соопшти прес службата. Десислава Радева е во добра состојба, додека бугарскиот претседател има негативен тест за Ковид-19. Тој ги откажа средбите закажани за следните денови, се додава во соопштението.