Холивуд против Џо Роган: „Ризикува човечки животи со својот идиотизам“


САД – Американската глумица Шерон Стоун го нападна шоуменот Џо Роган дека „ги ризикува животите на луѓето со својот идиотизам“. Ова е дел од полемиката за познатиот и сега веќе прилично контроверзен радиоводител последниве денови.

– Ковидот не е прашање на мислења, а г-н Роган мисли дека неговото мнение е во прилог на одрекувањето од одговорност за животите што тој лично ги погодил и предизвикал загуби… Заразните болести се наука која се заснова на факти, така што преправањето дека тоа се мислења е опасно!, изјави Стоун за ТМЗ.

„Спотифај“ беше критикуван за ставовите на својот водител Џо Роган, кој е против корона-вакцинација кај младите и препорачува употреба на недокажаниот антипаразитски лек „Ивермектин“ како лек за коронавирусот.

– Тој мора да издаде демант во кој ќе наведе дека е „ш**ак“ и дека неговото однесување е опасно и влијае на животот и смртта на луѓето!, додаде Стоун.

И други познати личности, како музичарите Нил Јанг и Џони Мичел го критикуваа Роган и ја повлекоа својата музика од стрим-сервисот „Спотифај“ во знак на протест. Платформата што му плаќа на Роган 100 милиони долари за неговата интернет-емисија, беше критикувана „за неуспехот да ги ублажи потенцијално опасните дезинформации“. Како одговор на критиките, „Спотифај“ додаде предупредувања за спорни вести кон содржината. 

Роган, актер во неговиот многу популарен подкаст „Искуството на Џо Роган“, поканува други актери, интелектуалци, новинари и спортисти да разговараат за теми кои се движат од летечки чинии, психоделични лекови до фитнес совети.