Бил или не бил Каракачанов југословенски агент врбуван во Скопје

Голема врева  во Бугарија околу тврдењата на Слободан Богоевски дека Красимир Каракачанов бил врбуван од тајната служба во Скопје на крајот од 1980-тите


Красимир Каракачанов

 

Тврдењето на поранешниот директор на Службата за државна безбедност, Слободан Богоевски, дека лидерот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, бил врбуван од тајните служби во Скопје, ја крена полтичката темепратура во Софија. При долгиот разговор во емисијата „Во вентар“ на Васко Ефртов, Богоевски, кој важи за патријарх на македонските тајни служби, рече дека многу добро го знае Каракачанов, затоа што кон крајот на 1980-тите бил врбуван од Службата за државна безбедност за време на престојот во Скопје.

Според Богоевски, кој беше шеф на тајната полиција во првите годинини на независноста, Каракачанов, Каракачанов не бил ни Бугарин ни Македонец туку турко-Влав, бил во Скопје на студентска размена, а не на студии, и престојувал во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Тој спорадично го спомена неговиот пример, обидувајќи се да нагласи дека некои луѓе сега го прават сосема спротивното кога се однесува на бугарско-македонските односи.

Кога Ефтов го праша дали „нашите служби го направија Каракачанов соработник“, Богоевски одговори потврдно. Тој објаснуваше дека Каракачанов „се покажа како најекстремен непријател за решавање на проблемот со неговите антимакедонски позиции. И таму учеше, јадеше, пиеше. каков апсурд кога се појавува таква личност, па се прашувате што се случува“.

За Красимир Каракачанов одамна се знае дека бил соработник на бугарската тајна служба. А тоа тој и не го крие. Каракачанов во 2006 година беше наведен како агент на Шестата управа (Борба против идеолошка диверзија и антидржавни манифестации и информациска анализа) на бугарската Државна безбедност. Според достапните информации, како соработник е регистриран во 1989 година; една година претходно дипломирал историја на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“. Тој бил искористен за подготовка на анализи за контраразузнавачките служби на МВР.

„Во мојот живот како соработник во бугарските служби, регрутирав многу македонски граѓани. Нема како да сум студирал во Скопје“, изјави Каракачанов за бугарски „Дневник“ по објавувањето на информацијата на Богоевски.

Каракачанов во изјавата за „Дневник“ го нападна Васко Ефтов дека „20 години истура низ Бугарија оган и сулфур“. И таму „некој прилично возрасен човек зборува глупости“, рече тој за Богоевски. Тој понатаму го опиша првиот шеф на македонските служби како „некој вујко и дедо, не сум ни слушнал за него“.

„Сите ме паметат од студентските протести во 1989 година, но во Софија, не во Скопје“. Запрашан дали имало барем обид да биде регрутиран од југословенските служби, тој одговори: „Напротив, ми ги исекоа кочниците во 1991 година, ми ги исекоа гумите во Македонија. Каков обид да направат? Од самиот почеток, кога одите да зборувате за Бугарите, вие сте непријател. Ова се глупости“.

Како вицепремиер и министер за одбрана во последниот кабинет на Бојко Борисов Красимир Каракачанов беше моторот на усвојувањето на антимакедонската изјава на владата и рамковната позиција во Собранието. На сите три избори минатата година неговата ВМРО не успеа да го помине прагот за влез во парламентот и остана на крајните маргини на бугарската политика. (Н.В.)