Бочварски: Разговараме со Бугарија за изградба на интерконектор за гас од Петрич до Струмица


 Министерот за транспорт врски, Благој Бочварски денеска потврди дека меѓу комисиите за транспорт и инфрастуруктура на владите на Северна Македонија и Бугарија е разговарано за изградба на интерконтекторот за гас од Петрич до Струмица. -Со министерот за енергетика на Бугарија веќе разговарав и побарав тоа да биде еден од идните приоритети на двете држави. Министерот […]

Утре без вода дел од корисниците од улица „Даме Груев“ во Центар


 Поради санација на дефект на затварач Ф-80 милиметри на улица „Даме Груев“ бб, зграда на ИНТЕКС, утре без вода ќе бидат корисниците на оваа улица на потегот од крстосницата со „Димитрие Чуповски“ до полициска станица Беко во центарот на Скопје. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од […]

(Видео) Крај Нигерија експлодира брод за складирање нафта


  Брод за производство и складирање кој може да прими два милиони барели нафта експлодира крај брегот на Нигерија со 10 членови на посадата на него. FPSO Trinity Spirit, кој може да преработи до 22.000 барели нафта девно, се наоѓал во близина на Вари во јужна Нигерија кога избил пламен, јави Скај. Пловилото, кое исто […]

Медиумската писменост е суштинска за правично општество


Медиумската писменост е суштинска за постоење правично општество и потребни се самоуверени наставници, дигитално компетентни. Ова се дел од препораките изнесени на меѓународниот симпозиум за медиумска писменост и критичко размислување „Во чекор со трендовите: Образование за медиумска писменост во сè побрзото секојдневие“, кој денеска и утре се одржува онлајн преку платформата „Зум“. Симпозиумот се одржува […]

Запленети два килограми хероин на ГП „Табановце“


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, вчера, на Граничниот премин „Табановце“, ги лишиле од слобода Ј.Ф.(31) од с.Никиштани, скопско и А.Б.(18) од  Хрватска, со што е пресечен меѓународен транспорт на хероин наменет за Хрватска, соопштија од Министерството за внатрешни работи. При контрола на […]

Народниот правобранител ќе го испитува случајот за ученичката со Даунов синдром од Гостивар


Народниот правобранител, по објавата за случајот со ученичката со Даунов синдром од Гостивар која не била прифатена од родителите на учениците од класот и наставата ја следела во посебна просторија, формира предмет по сопствена иницијатива и испрати тим во училиштето за да го испита случајот. Како што се наведува во соопштението на Народниот правобранител, случајот покажува […]

Комисијата за заштита од дискриминација загрозена од договорот на Бесими и Лорер


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) реагира на изјавите за формирање механизам – Комисија за заштита од дискриминација на инвеститори, дадени од министерите за финансии  Фатмир Бесими и  за иновации и развој на  Бугарија, Даниел Лорер, на заедничка прес-конференција. Целта би била заштита од дискриминација на инвеститорите од двете страни, при реализирањето на […]

Платформа на ХОТАМ за намалување на работата „на црно“ во хотелско-угостителскиот сектор


Преку краткорочни вработувања на веќе вработени лица во различни сектори, но и на невработени, ќе се намалува неформалното вработување и непријавената работа во хотелиерството и угостителскиот сектор. Тоа ќе го овозможи платформата за посредување на Хотелската асоцијација (ХОТАМ), финансиски поддржана од Европската унија. Платформата се имплементира преку Меѓународната организација на трудот, каде може да се […]

Берза 2021: Акциите на Алкалоид и Комерцијална банка најатрактивни


Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот јануари – декември 2021 година вкупниот промет изнесувал 12.853.500.604 денари и е зголемен за 56,84 отсто во однос на јануари – декември 2020, кога тој изнесувал 8.195.475.839 денари, објави пари.мк Класичното тргување изнесувало 6.736.800.362 денари и е зголемено во однос на јануари – декември 2020 за […]

За лозарите најатрактивни „вранец” и „темјаника”, интерес има и за садење десертни сорти 


Лозарите највеќе сакаат да садат лози од винските сорти „вранец” и „темјаника”, но заинтересирани се и за сите видови десертно грозје. Според Васка Мојсовска, сопственик на расадникот за лозови и овошни садници во неготинското село Тимјаник, есенското садење е подобро. – Традиционално, во Тиквешко како најголем лозаро-винарски регион во државата, нови лозја се подигнуваат наесен […]

Комерцијална банка испратила документација за имотот на Мијалков до Народната банка


  Комерцијална банка денеска преку соопштение објави дека ја доставила целата документација за имотот на Сашо Мијалков до Народна банка и дека досега нема никакво известување за неусогласеност.Еве го соопштението на Комерцијална банка: „Поради интересот на медиумите и на јавноста за активностите по изјавата на Државниот јавен обвинител Јовески од 3.01.2022 година и неговото барање […]

ЕК предлага едногодишно продолжување на дигиталниот ковид сертификат


Белгија–  Европската Комисија (ЕК) смета дека дигиталниот ковид сертификат на ЕУ треба да се продолжи до крајот на јуни 2023, јави дописничката на МИА од Брисел. Комисијата сега го поднесува предлогот на Советот и Парламентот на ЕУ за да имаат време до истекувањето на рокот на сегашната регулатива за ковид сертификатот да го одобрат ова […]

Бугарското Народно собрание формира Комисија за уставни измени


Пратениците од 47. Народно собрание на Бугарија ја одобрија предлог-одлуката на „Демократска Бугарија“ за формирање Привремена комисија за измени во бугарскиот Устав. Комисијата е формирана со 134 гласа „за“. ГЕРБ, ДПС и малата антиваксерска партија „Преродба“ одбија да предложат членови за комисијата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, за претседател на собраниската комисија […]

Србија нема да се меша во конфликтот меѓу Русија и Украина


Министерството за надворешни работи на Србија се огласи за првпат од почетокот на актуелната криза во Украина и соопшти дека Србија е посветена на мирно решение на ситуацијата и дека ескалацијата на руско-украинскиот конфликт ќе има негативно влијание врз надворешната политика на Белград, јави дописникот на МИА од Белград. „Потенцијалната ескалација на конфликтот Москва-Киев ќе […]

Србија ѝ дала дозвола на руската РТ да се емитува во Германија, Берлин ја забрани


Кремљ денеска ја осуди забраната за локално емитување на рускиот ТВ канал РТ, наметната од германското регулаторно тело за медиуми. „Тоа не е ништо друго освен напад врз слободата на изразување и можеме само да изразиме жалење“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Германското регулаторно тело за медиуми вчера соопшти дека забранува емитување на руската […]

Вучиќ на средба со Ѓоковиќ, кој за настаните на „Австралија опен“ јавно ќе проговори за 10 дена


Тенисерот Новак Ѓоковиќ денеска му се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ за поддршката која Србија и институциите му ја пружиле додека беше во притвор во Мелбурн поради проблеми со визите пред Отвренето првенство на Австралија (АО), јави дописникот на МИА од Белград. Претседателот на Србија му се заблагодари на Ѓоковиќ што покажал почит кон […]

Лаура Паузини, Алесандро Кателан и Мика- водители на Евросонг во Торино


Италија– Италијанската поп-ѕвезда, добитничка на Греми, Лаура Паузини, Алесандро Кателан и либанско- британската поп ѕвезда Мика ќе бидат домаќини на претстојното 66-то издание на Изборот за песна на Евровизија 2022 година во Торино, Италија. Домаќините на Евровизија – која може да се пофали со публика од над 180 милиони гледачи, што ја прави најголемото и […]

Сали и поглаварите на верските заедници со апел: Вакцинацијата е најдобра заштита од Ковид-19


Министерот за здравство Баким Сали денеска се сретна со поглаварите на верските заедници, при што упати порака дека единствена, докажана, најдобра и најсоодветна можност за заштита од вирусот Ковид-19 е токму вакцинацијата. – Во време на пандемија, кога речиси секој од нас е погоден од вирусот, кога дел од нас изгубивме и многу наши драги […]

Милијардер со кривична против Фејсбук поради рекламирани измами


 Австралиски милијардер покрена кривична постапка против Фејсбук, обвинувајќи ја компанијата за неуспешно спречување на лажни реклами – измами, кои користеле негова фотографија, јави Би-Би-Си. Ендрју Форест тврди дека Фејсбук ги прекршил австралиските закони за перење пари со тоа што не ги спречил лажните реклами за криптовалути, кои притоа користеле негова фотографија. Тој додаде дека, по […]

Министерот Сали го обвини лекарот Даниловски дека дава несериозни изјави


  Дали поради тоа што одби да биде дел од Комисијата заразни болести или поради нешто друго, но д-р Драган Даниловски денеска стана цел на напад на министерот за здравство Беким Сали. Слично на она како тој ги критикува здравствените власти за справувањето со корона епидемијата. Министерот Сали денеска беше прашан дали нема протокол за лекување […]