Германската Комисија за вакцини препорачува втора засилувачка доза вакцина против Ковид за одредени групи луѓе


Германија–  Германското официјалното тело за вакцинација препорача да се даде втора засилувачка доза вакцина против коронавирус на особено ризичните групи, јави ДПА.

Постојаната Комисија за вакцинација, (STIKO), е независен панел од експерти кои ја советуваат владата за време на пандемијата.

Комисијата денеска соопшти дека луѓето над 70-годишна возраст, лицата во установи за нега, оние со имунодефициенција и вработените во медицинските и здравствените установи треба да добијат втора засилувачка доза вакцина.

Нацрт-резолуцијата е испратена на одобрување до сојузните покраини, па сè уште се можни измени на планот.