Наутро студено, преку ден за викендот до 13 степени


Фото: Б. Грданоски

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Утре и во сабота изутрина ќе биде студено, а потоа температурите ќе бидат во
пораст, освен во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер.

Според УХМР, локални врнежи од дожд и снег ќе има во сабота во текот на ноќта во западните делови и во понеделник кон крајот на денот.

Утре минималните температури ќе се движат од -12 до -1 степен, а максималните од три до девет степени.

За викендот температурата ќе достигне до 13 степени, а во вторник 15 степени.