„Сините ноќи без тебе“- „Дивље јагоде“ со жестока рок-песна го најавува новиот албум


„Сините ноќи без тебе“ е првата нова песна на регионалните рок ѕвезди Дивље јагоде по албумот „Џубокс“ и најавата за нов студиски албум. Во својот препознатлив авторски печат, основачот на бендот, Зеле Липовача, на публиката и подарува уште една жестока рок песна која покажува дека и по повеќе од 40 години, бендот се уште е на тронот.

Според самиот Зеле, авторот на музиката, текстот и продукцијата на оваа песна, докажаниот вокален дует на Тони Јанковиќ и Ливи Берак повторно брилјираше. Тој откри и неколку детали од претстојниот студиски албум кој ќе излезе за Croatia Records пред летото оваа година. Само оваа недела Зеле потпиша нов ексклузивен договор со најголемата регионална издавачка куќа која долги години го следи него и Дивље јагоде.

„Повеќето песни за новиот албум ќе ги отпее добро координираниот тандем Тони Јанковиќ и Ливио Берак во дует или соло. Како и на претходните два албума, повторно ќе носиме гости, а засега е извесно дека тоа ќе бидат Тифа и Чипи од групата Освајачи“, вели Зеле.

Зеле и Дивље јагоде ја продолжуваат соработката со студиото Шмишмит каде што песната е снимена, миксана и мастерирана, а спотот е направен под режисерската палка на полковникот Дабров. Видеото е снимено од Јово Миливојевиќ и Теодора Влаховиќ, а во продукција на RetroMetro & JohnDoeProduction.

Песната слушнете ја на следниов линк:

https://we.tl/t-Hibr96daL2