Уште еден земјотрес во Леринско


Уште еден посилен земјотрес се случи попладнево во подрачјето на Лерин, Грција, а се почувствува во делови од Македонија. Земјотресот, според ЕМСЦ, е регистриран во 16.13 часот, на 8 км од Лерин, а бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала.  Овој земјотрес е многу плиток, односно само на 1 километар под површината на […]

Мета: Сите Албанци, каде и да се, да помогнат да надвладее правната држава


Егзодусот на младите од регионот, особено од Албанија, кај мене предизвикува голема загриженост, но ова е конкретен факт. Најголем проблем е заминувањето на најинтелектуалните и најкреативните сили, најмладите, но за жал и најквалификувани, што ја зголемува нашата одговорност за да им дадеме на младите една иднина, една можност во Албанија, Косово и Северна Македонија и […]

Градот Скопје ќе ги застапува приватните превозници пред Владата


Град Скопје и ЈСП остварија средба со претставниците на приватните автобуски превозници во градот Скопје „Слобода превоз“ и „Макескпрес“ на која тема на разговор беше енергетската криза со која во моментов се справува државата, а директно ги засега токму превозниците.  Приватните превозници истакнаа дека со моменталната цена на метанот која е зголемена за 100 проценти, […]

Поранешниот турски репрезентативец Ахмет Чалик загина во сообраќајна несреќа


Поранешниот член на турската фудбалска репрезентација Ахмет Чалик загина на 27. годишна возраст во сообраќајна несреќа, објави денеска неговиот клуб Коњаспор. Турските медиуми јавија дека Чалик настрадал во несреќа што се случила на автопат во близина на Анкара, каде фудбалерот требало да ги заврши последните подготовки за својата свадба. Чалик од 2011 до 2017 година беше член на Генчербирлиги, […]

Рекордни 1.964 новозаболени во земјава, починаа вкупно 13 лица


  Како и што се очекуваше, бројките на нови инфекции со корона вирус растат. Во последните 24 часа регистрирани се дури 1.964 случаи, што е рекорден број досега. Направени се 7.724 тестови, шро значи дека позитивни биле 25 проценти од примероците. Бројката на нови дневни инфекции во Скопје надмина илјада. Починаа вкупно 13 лица.   […]

Пазарот на половни автомобили „полуде“, цените повисоки од кога било


Без разлика дали станува збор за авто-плац или за интернет, во Германија обично има голем избор на користени автомобили. Од вкупниот број продадени автомобили во Германија, повеќето се користени, но во меѓувреме има премалку возила на страна на понудата. „Во моментов имаме помалку користени автомобили отколку клиенти. Половните автомобили станаа ретка стока “, вели Томас […]

Посетата на Кирил Петков е одење по жица


Не е прашање кога ќе се случи одложената посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје (поради изолацијата во која се наоѓа по позитивниот ковид-тест на претседателот на собранието), туку дали од неа може да се очекува работите да се поместат од мртвата точка во која се наоѓаат односите меѓу двете земји. Ако се суди […]

САД во 2022 година ќе станат најголемиот извозник на течен природен гас во светот 


САД во 2022 година ќе станат најголемиот извозник на течен природен гас во светот надминувајќи ги Австралија и Катар, соопшти денеска рејтинг агенцијата „Фич“. Оваа проценка се должи на зголемените испораки на американски ТПГ во Кина, што растат со брзо темпо, а се очекува голема побарувачка и во други азиски земји.   Во меѓувреме, американскиот […]

МНР демантира дека има некаков нов договор, анекс или дополнителен текст на постоечкиот Договор со Бугарија


Министерството за надворешни работи (МНР) ги демантира информациите за нов договор, анекс или каков било дополнителен текст на веќе постоечкиот Договор за пријателство со Република Бугарија. -Министерството за надворешни работи ги отфрла ваквите шпекулации како неточни и контрапродуктивни на напорите на двете земји за надминување на меѓусебните разлики. Односите меѓу Република Северна Македонија и Република […]

Седницата за избор на нова влада во сабота


Претседателот на Собранието Талат Џафери седницата за избор на новиот состав на владата ќе ја свика во сабота, 15 јануари 2022 година, во 11 часот. Ова Џафери му го соопштил на мандатарот Димитар Ковачевски на денешната средба кога тој во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа. -Денеска, мандаторот […]

Битола доби двајца министри, СДСМ остана без пратеник од градот


  БИТОЛА – Битолчани како никогаш досега добија две министерства во новата влада на мандатарот Димитар Ковачевски. Битолските социјалдемократи добија министерство, но во исто време останаа без ниту еден пратеник. Сега градот го претставуваат двете пратенички од ВМРО-ДПМНЕ. Позитивни се првичните оценки во политичката јавност во Битола откако Битола доби двајца министри во новата влада […]

„Фајзер“ прави нова вакцина против омикрон


Вакцината на американската фармацевтска компанија Фајзер против сојот омикрон ќе биде готова во март, а компанијата веќе почнала да произведува дози, откри извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла. Тој рече дека новата верзија на вакцината ќе ги таргетира другите видови на вирусот што циркулираат низ светот. Сепак, тој нагласи дека сѐ уште не е јасно […]

Касами: За дефектот во тетовскиот водовод чекаме делови од странство


Актуелниот дефект на новиот водоснабдителен систем ќе се надминува кога ќе се создадат временски услови, вели градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. Тој најавува ревизија на целиот проект за Лешничкиот водоснабдителен систем за да се утврди дали може да функционира или ќе се бара алтернатива. -Се работи на санирање на дефектот во време кога ќе се […]

„Ер Франс“ на патниците им наплаќа дополнително за еколошко гориво


  Францускиот авио-превозник „Ер Франс3 почна на парниците да им наплаќа премија за одржливо авио-гориво. Истовремено, ќе им овозможи на патниците дополнителни доброволни прилози за намалување на јаглеродниот отисок. Според новиот закон, најмалку еден отсто од одржливо гориво мора да се користи за полнење на авио-горивата во Франција од 1 јануари, пренесе Т-портал. За покритие […]

Полицијата фатила неисправен автобус кој превезувал деца кон Попова Шапка


Вчера околу 14 часот и 30 минути, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово запреле автобус со прилепски регистарски ознаки, а кој претходно превезувал ученици од Прилеп на екскурзија на Попова Шапка. Кај автобусот, кој веднаш бил испратен на технички преглед, констатирани се технички […]

Герасимовски бара вонреден инспекциски надзор на ДУП-от Старо Водно


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, испрати барање до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам за вршење на вонреден инспекциски надзор на блоковите 10, 28 и 43 од Деталниот урбанистички план Градска четврт Ј 07 Локалитети: Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара. На последната 4-та седница, Советот на […]

Фатени крадците на оловните плочи од 16 век на штипскиот „Безистен“


Фатени се четворица крадци од Струмица и Штип кои изминатиот период ги краделе оловните плочи од покривната конструкција на уметничката галерија „Безистен“. Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова информира дека  по преземени мерки и активности од полициски службеници  на СВР Штип  од слобода се лишени А.А.и Ќ.А. на возраст од 32 и 37 години, двајцата од Струмица, […]

Најбогатиот Црногорец сака да се врати во татковината


  Таксин Шинаватра, кој пет години беше на чело на тајландската влада, а сега живее во Дубаи, побегна од будистичкото кралство во 2006 година, откако беше соборен, а во 2009 година, за време на владата на Мило Ѓукановиќ, по скратена постапка му беше доделен црногорски пасош. Седумдесет и двегодишниот Шинаватра, кого медиумите во најмалата поранешна […]

Нова сапунска опера: За што е надлежна, а за што не е Данела Арсовска?


  СДСМ, Данела Арсовска, Град Скопје и Владата се препукуваат од утрово кој треба да ја реши кризата со централното греење во Скопје, сите префрлајќи се на сигурен терен, односно на темата кој е надлежен за тоа а кој не е, и колку не направиле за проблемот досега.  Како последно од Град Скопје му порачаа […]

Посетата на Петков на Скопје се одложува откако замина во изолација


  Поради тоа што е во самоизолација бугарскиот премиер Кирил Петков нема да допатува во Скопје на 18 јануари како што беше планирано. Од прес-центарот на бугарската влада за БНТ соопштија дека посетата на Скопје не се откажува, туку дека се одложува, но не е јасно за кога. Премиерот Петков и претседателот Румен Радев заминаа […]