Сончево и студено со засилен северен ветер


Времето денеска ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната од -1 до 6 степени. Во Скопје ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната […]

Астрономски календар


  Денеска е среда, 12 јануари 2022 година, 12-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 353 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минута, а ќе зајде во 16 часот и 22 минути. Денов трае 9 часа и 21 минута. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе […]

Сите владини институции задолжени да ги признаваат електронските уверенија за неосуденост


Владата на вчерашната 132-ра седница донесе заклучок со кој ги задолжи сите органи и институции во нејзина надлежност во рамките на своето редовно работење да ги признаваат електронските уверенија од казнената евиденција, односно уверенијата за неосуденост, со подеднаква важност како и оние кои се издаваат во печатена форма. Како што соопшти владината Прес-служба, ова задолжение […]

Донесена редовната годишна Програма за имунизација


Владата ја донесе Програмата за задолжителна имунизација на населението во Северна Македонија за 2022 година која се носи секоја година и која ја опфаќа вакцинацијата на лица на одредена возраст, која се спроведува континуирано, во текот на целата година. Со оваа програма се предвидува вакцинација на одредена возраст согласно Календарот за имунизација против акутен вирусен […]

Владата обезбеди дополнителни 670 милиони денари за надминување на енергетската криза


Владата на вчерашната 132-ра седница, согласно Законот за извршување на Буџетот за 2022 година, донесе Програма за зелен развој со која се утврдени дополнителни 670 милиони денари за реализација на проекти од областа на енергетиката, со цел надминување на состојбата со енергетската криза. Како што соопшти владината Прес-служба, овие дополнителни средства ќе бидат наменети за […]

Ковид губи 90% од способноста да зарази по неколку минути во воздухот


  Корона вирусот губи 90% од способноста да нѐ зарази во рок од 20 минути откако ќе се пренесе во воздухот – а најголемиот дел од загубата се случува во првите пет минути, сугерираат првите светски симулации за тоа како вирусот преживува во издишаниот воздух. Наодите повторно ја нагласуваат важноста на преносот на ковид од […]

Секој шести Бугарин има роднини во Македонија


  Речиси 61 отсто од бугарските граѓани сметаат дека Македонија  треба да стане членка на Европската Унија, покажуваат резултатите од анкетата што вечерва ја објави Бугарската национална телевизија (БНТ). Ова е одговор на прашањето – каков е принципиелниот интерес на Бугарија за членството на РСМ во ЕУ, ако се остават настрана спорните прашања. 60,9 отсто […]

Кирил Петков за Македонија: „Заедно можеме повеќе, доаѓам во јануари“


  Бугарскиот премиер Кирил Петков од изолација, со видео порака, најави дека неговата одложена посета на Скопје ќе се оствари во јануари. Петков рече дека ќе дојде во Скопје „за да покаже оти преку конструктивен дијалог можеме да направиме многу повеќе од она што се случи во последните години“. Петков е во изолација по контакт […]

Осомничениот за пожар во јужноафриканскиот Парламент обвинет и за тероризам


Обвинението против осомничениот за подметнување пожар во кој беа уништени делови од јужноафриканскиот Парламент денеска беше проширено со обвинение за тероризам. Новото обвинение е додадено на рочиштето во Кејптаун, закажано по повод одредување кауција за осомничениот Зандиле Мафе (49). Мафе претходно беше обвинет за кражба, подметнување пожар и поседување експлозивна направа. Делови од 130-годишниот комплекс […]

Нова серија земјотреси во реонот на Битола и Лерин


Серија земјотреси вечерва се регистрирани во епицентралното подрачје меѓу Битола и Лерин, од кои најсилниот потрес бил во 18:44 со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентрите на сите потреси биле во реонот на околу 120 километри јужно од Скопје на територијата на Грција […]

Забрана за сообраќај на тешки моторни возила на Плетвар


Вечерва, од 18:40 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки моторни возила на планискиот превој Плетвар, кои немат зимска опрема. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта на некои места се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има на планиските превои Стража и Плетвар, а врнежи со помал интезитет има на Маврово, […]

Бучковски: Дадов сè од себе да не замре дијалогот со Бугарија


Експремиерот Владо Бучковски се надева дека со неговиот ангажман изминатите 13 месец како специјален владин претставник за Бугарија дал свој придонес за односите помеѓу двете земји и дека тој придонес ќе биде од значење за понатамошниот дијалог помеѓу новите влади во Скопје и Софија којшто ќе се води со нова енергија и нова методологија. Во изјава по неговото разрешување на денешната владина седница, […]

Ѓоковиќ и Барти први носители на Австралија Опен


Австралија– Организаторите на Австралија Опен ги објавија носителите на првиот календарски грен – слем турнир, што идната недела почнува во Мелбурн. Бранителот на титулата и деветократен победник на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ, го има статусот на прв носител во машка конкуренција. Втор е Русинот Дмитри Медведев, додека трет носител е Германецот Александер Зверев. Во женска конкуренција, за […]

Македонски џез групи на „Аларма панк-џез“ во Софија


Фестивалот „Аларма панк-џез“ ќе се одржи утревечер во Софија лајв клуб со концерт на современите џез формации Taxi Consilium и Kanton6 од Северна Македонија и Noise Linguistix од Бугарија. -Концертот е со фокус врз новата македонска џез сцена, со учество на слободен џез квартет Taxi Consilium, во кој учествуваат Филип Букршлиев – гитара, Андреа Мирческа […]

Трајче Кацаров е лауреатот на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2021 година


Трајче Кацаров е автор на поемата „Цветко“ прогласена за најдобра за 2021 година на отворениот конкурс што секоја година се распишува во чест на охридскиот и македонскиот поет Григор Прличев. Кацаров е поет, раскажувач, есеист и драмски автор, вработен како драматург во НУЦК „Ацо Шопов“ – Народен театар Штип. Тој е наставен доцент на Интернационалниот […]

Во САД почина милионерот Роберт Дерст осуден на доживотен затвор 


САД – Американскиот милионер Роберт Дерст осуден на доживотен затвор за убиство на познаничка во 2000 година почина синоќа на возраст од 78 години, соопштија медиумите во САД.  Според адвокатот, Дерст починал по срцеви компликации откако есенва боледуваше од Ковид-19 и беше ставен на вентилатор. Смртта била утврдена во болницата во затворот во Калифорнија.   […]

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“


Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција информираше дека утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса транс“, со чиј автобус се случи сообраќајната несреќа во која животот го загубија 46 лица. Бектеши соопшти дека денеска во Министерството за економија пристигнал извештајот од Инспекторатот за труд што се однесува на […]

Парното греење ќе поскапи, но граѓаните и натаму ќе плаќаат како и досега


Од овој месец парното греење ќе добие нова повисока цена, но граѓаните и натаму ќе плаќаат како и досега, бидејќи нивните сметки ќе бидат субвенционирани. Поскапите сметки за парно греење што ќе ги добиваат домаќинствата, до крајот на оваа година ќе бидат субвенционирани во најголем дел од страна на Владата, а се очекува кон ова […]

Бучковски не е веќе специјален претставник за Бугарија


Владата на денешната седница го разреши поранешниот премиер Владо Бучковски од должноста специјален претставник за Република Бугарија, објави Фокус, повикувајќи се на високи владини извори. Според нив, ваква точка поминала како дел од дневен ред за кадровски прашања, без притоа да се наведат причини за разрешувањето. Владата на Зоран Заев на крајот на 2020 година го именуваше Бучковски за специјален […]