Герасимовски најави реконструкција на 14 улици во Центар


Реконструкција на 14 улици, изградба на три нови детски игралишта и обнова на останатите, почеток на градба на нова градинка во населбата Пролет и проширување на капацитетите на ОУ „Коле Неделковски“, најави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во вечерашното гостување на Топ Тема на Телма Телевизија. Тој во емисијата рече дека иако е во […]

На местото на депонијата во Ѓорче Петров, ќе се прави парк


Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во емисијата „Топ тема“ најави дека на местото од исчистената депонија во Ново Село ќе градат парк. „Се трудиме капиталните инвестиции да не трпат. Веќе кажав, ние од сам старт почнавме со реализација на капиталните проекти кои ни беа ветени во програмата. Еден од нив е депонијата во Ново […]

Маричиќ вели: Не може да има задршки за македонскиот јазик во преговарачката рамка


  Работите со Бугарија се далеку од договор. На таков начин може да се толкуваат изјавите на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ. Вечерва за Сител Маричиќ изјави дека „за нас е важно процесот на европеизација да не стане процес на билатерализација или процес на оптоварување на преговарачката рамка со билатерални прашања“. Тој рече дека важно […]

МЗТ Скопје Аеродром се засили со Војдан Стојановски


Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски му се приклучи на својот брат близнак Дамјан во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша договор со актуелниот шампион до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката. – Од тандемот Дамјан и Војдан очекуваме да бидат движечка сила на патот кон одбрана на двојната круна на домашна сцена и атак […]

Русија и САД разменија остри зборови за Украина во ОН


  ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ – Русија во понеделникот го обвини Западот дека ги „подигнува тензиите“ околу Украина и рече дека САД донеле „чисти нацисти“ на власт во Киев додека Советот за безбедност на ОН одржа бурна и воинствена дебата за трупањето на московските трупи во близина на јужниот сосед. Амбасадорката на САД Линда Томас-Гринфилд возврати дека […]

Сашо Клековски од аналитичкиот свет премина во врвот на ВМРО-ДПМНЕ


  Христијан Мицкоски ја прошири политичката база на неговите главни соработници во врвот на ВМРО-ДПМНЕ откако му предложи на Централниот комитет на партијата, а овој ги поддржа новите имиња во раководството. Централниот комитет вечерва избра уште двајца потпретседатели на партијата, Тимчо Муцунски (градоначалник на Аеродором) и  повеќегодишната блиска соработничка на Мицкоски, Гордана Димитриеска-Кочоска. Покрај нив, […]

Синот на Аки Рахимовски го посети гробот на Тоше


Кристијан Рахимовски, синот од првиот брак на неодамна починатиот легендарен пејач на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски , денеска во Крушево го посети гробот на Тоше Проески, објави на Фејсбук крушевскиот градоначалник, Томе Христоски. Рахимовски вчера пристигна во Скопје и изјави дека посетата е од приватен карактер, да ги посети баба си и роднините. Во Македонија доаѓа по […]

Леди Гага продолжува со шоуто „Џез и пијано“ во Лас Вегас


САД– Со драматични тоалети и како одличен шоумен Леди Гага се враќа во Лас Вегас во  Парк МГМ, со шоуто „Џез и пијано“ по настапите во 2018, 2019 и 2021 година. Настапот „Џез и пијано“ е забавен, ангажиран, едукативен (делумно благодарение на црно -белите филмски меѓусебни приказни во кои Гага зборува за историјата на џезот […]

Омикрон е „поблаг сој“ и во комбинација со вакцинација може да значи крај на пандемијата


 Бројот на починати во Европа во однос на оној на заразените, навестува дека омикрон е навистина „поблаг сој“. И покрај зголемениот број новозаразени во светот со појавата на омикрон, варијанта на корона вирусот, неделните извештаи за смртни случаи се релативно „стабилни“ и не покажуваат значаен скок од октомври минатата година, пренесува Кликс. Иако според досегашните […]

ВМРО-ДПМНЕ избира нови членови во раководните тела


Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница ќе расправа за избор на нови членови во раководните тела на партијата. Партискиот лидер Христијан Мицкоски минатата недела најави дека бројот на потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ од двајца ќе се зголеми на четворица, а ќе се прошири и составот на Извршниот комитет. Седницата на Централниот комитет на партијата се […]

Kовачевски-Мицотакис: Продолжува да се гради и зајакнува пријателството


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, попладнево оствари телефонски разговор со премиерот на Хеленската Република Кирјакос Мицотакис, кој му честита на изборот за премиер, и му посака плодна и успешна работа. Двајцата премиери се согласија дека односите меѓу двете земји се на одлично ниво, и дека ќе продолжи да се гради и […]

ЗОИ2022: Нови 37 заразени со коронавирус во олимпиското село


Кина – Уште 37 лица акредитирани за Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг се позитивни на тестирањата за коронавирусот, објавија денеска организаторите, додавајќи оти меѓу нив има 12 спортисти или членови на олимписките тимови. Во официјалното соопштение се прецизира дека 28 позитивни резултати на Ковид-19 се регистрирани при тестирања на 1.252 лица по пристигнувањето на аеродромот во Пекинг, додека девет нови случаи се откриени […]

Ријана ќе стане мајка


САД– Ријана (33) го чека своето прво дете со раперот Ејсап Роки (33). Двојката беше фотографирана во Њујорк за време на викендот, каде што поп-ѕвездата и милијардерка официјално го покажа трудничкиот стомак носејќи откопчана розова пуфер јакна и шарен накит. “ТАА Е!” фотографот Дигзи напиша фотографија што ја направил од двојката. Веста доаѓа две години […]

Киро Урдин изложува во Антверпен- уметнички слики како ода за човечката сила наспрема пандемијата


Една од најстарите галерија во белгискиот град Антверпен- „ Црниот пантер“, е домаќин на изложба  со дела од нашиот уметник со француска адреса , Киро Урдин. Централно место на изложбата има сликата „Табула раза“, која е со димензии 10 метри должина и 3 метри ширина, а изработена во маслена техника. Изложбата на Урдин вклучува околу […]

Невакцинираните здравствени работници во Грција може да останат без работа по 31 март


Грција – Невакцинираните здравствени работници во Грција кои веќе неколку месеци се на принуден одмор, поради воведената задолжителна вакцинација, можно е по 31 март, кога и истекува конкретната одлука, да останат без работа, според министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој сепак, објасни дека сè уште не е донесена конечна одлука, јави дописничката на […]

Џастин Трудо позитивен на коронавирус


Канада– Канадскиот премиер Џастин Трудо тукушто соопшти дека е позитивен на коронавирус. Во објавата на Твитер тој напиша дека утрово добил позитивен тест. Канадскиот премиер истакна дека се чувствува добро и дека во текот на оваа седмица ќе продолжи да работи од далечина, следејќи ги препораките на здравствените власти.             […]

Дваесет отсто од хоспитализираните со Ковид-19 во Белгија се деца под 12 години


Белгија – Здравствените статистики во Белгија откриваат дека секој петти хоспитализиран во земјата е дете под 12 годишна возраст, јави дописничката на МИА од Брисел. Според докторката Ан Тилеманс ова се должи на фактот што вирусот највеќе циркулира кај најмладите, а децата се многу малку или воопшто не се вакцинирани. Помеѓу 10 и 23 јануари оваа […]

Германија не ја постигна целта да вакцинира 80 отсто од населението


Германија– Германската Влада не ја постигна планираната цел 80 отсто од населението да прими барем една доза од вакцината против коронавирусот до крајот на јануари, покажуваат официјалните податоци објавени денеска – 75,8 отсто од 83 милиони луѓе примиле најмалку една вакцина, 74 проценти биле целосно вакцинирани, а 52,8 отсто добиле засилувачка доза. Владиниот портпарол Штефан […]

Истрагата заклучи дека забавите кај Борис Џонсон не може да се оправдаат


  ЛОНДОН – Социјалните собири што ги одржа премиерот Борис Џонсон и неговиот персонал додека Велика Британија беше во карантин претставуваат „сериозен неуспех“ да се почитуваат стандардите што се очекуваат од владата, покажа истрагата во понеделникот. Високиот државен службеник Сју Греј заклучи дека „имаше неуспеси во раководството и расудувањето“ во владата и „некои од настаните […]

Нови 711 случаи со Ковид-19, 26 починати, најмладиот е 29-годишен


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.197 тестови, а регистрирани се 711 нови случаи со Ковид-19, 22 починати и 7.170 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 711 новозаболени од Скопје се 505, Кавадарци 30, Струмица 26, Куманово 25, Охрид 21, Битола и Штип по 17, Прилеп 12, […]