МФ: Јавниот долг заклучно со 31 декември е 60,9 отсто од БДП


Јавниот долг заклучно со 31.12.2021 година изнесува 60,9 отсто од БДП, соопшти денеска Министерството за финансии. Според Министерството, јавниот долг се менаџира и се одржува на стабилно ниво и на крајот на 2021 година е понизок за 0,1 процентен поен во однос на 2020 година. -Јавниот долг се одржува на стабилно ниво. И во услови […]

Катар ги условува испораките на гас за ЕУ


Европската унија мора да ја ограничи препродажбата на гас надвор од нејзините граници, доколку сака Катар и другите големи снабдувачи на гас да обезбедат кризни резерви во случај на руско-украински конфликт, изјави во понеделникот извор од Доха во Брисел. Катар би можел да пренасочи некои испораки на гас од Азија во ЕУ за да ги […]

Утре седница на Советот за безбедност


Утре во кабинетот на претседателот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на која ќе се разгледа актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко. На седницата ќе присуствуваат редовните членови на Советот, Талат Џафери, претседател на Собранието, Димитар Ковачевски, премиер, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска, министер за одбрана, Бујар […]

РКЕ утврди цена на топлинската енергија – сметките на граѓаните остануваат исти


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои ја утврди цена на топлинската енергија согласно актуелните берзански цени на природниот гас. -Одлуката е донесена на барање на снабдувачите со топлинска енергија БЕГ и Скопје Север поради енормното зголемување на набавната цена на природниот гас, која има доминантно влијание при утврдување на […]

Во Бугарија од април бесплатно во градинките


 Од април годинава во Бугарија престојот во градинките и јасли ќе биде бесплатен. Тоа денеска го најави премиерот на таа држава Кирил Петков по денешната владина седница. – Владата ќе инвестира 70 милиони лева за изградба на градинки, рече Петков. Тој најави и дека платите на наставниците ќе бидат125 отсто од просечната плата. – Нема […]

Котираните компании на берзата добија водич за ЕСГ известување, за активности поврзани со климатските промени


Македонска берза за првпат објави „Водич за известување за прашања поврзани со животната средина, општествени прашања и управување“ за котираните компании или „Водич за ESG известување“ (ESG – Environmental, Social and Governance), соопштија од Македонска берза. Водичот како што информираат од берзата е изработен со техничка помош од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). […]

Казна од над 450 илјади евра за одговорната компанија, откако снегот зароби возачи низ Истанбул


Турското Министерство за транспорт и инфраструктура изрече казна од над 450 илјади евра за компанијата одговорна за автопатот Северна Мармара. Причината е тоа што одредени делови од автопатот беа затворени за сообраќај 18 часа поради обилни снежни врнежи на 24 јануари. Компанијата им ја врати на возачите наплатената патарина, дознава агенцијата Анадолија. Во понеделникот, 24 […]

Финска ќе ги укине сите мерки против Ковид-19 во рок од еден месец


 Финска од утре ќе почне да ги олеснува ограничувањата воведени поради коронавирусот, а сите мерки ќе бидат укинати во рок од еден месец, изјави денеска премиерката Сана Марин. Граничните контроли за оние кои доаѓаат во Финска од земјите во Шенген зоната ќе бидат укинати од почетокот на февруари. Во моментов потребно е на граница да […]

Невакцинираните здравствени работници во Грција може да останат без работа по 31 март


 Невакцинираните здравствени работници во Грција кои веќе неколку месеци се на принуден одмор, поради воведената задолжителна вакцинација, можно е по 31 март, кога и истекува конкретната одлука, да останат без работа, според министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој сепак, објасни дека сè уште не е донесена конечна одлука, јави дописничката на МИА од […]

Ангелов: Комисијата за брани ја потврди опасноста од одрон на карпата над Матка


Стручното мислење на Комисијата за брани за карпата над браната Матка, тешка околу 20 тони, е дека постои опасност од нејзино одронување, затоа се препорачува изработка на проектна програма, како и техничка документација за санација на карпата, соопшти денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Тој им препорачува на планинарите и алпинистите да го избегнуваат тој терен, а […]

Османи и рускиот амбасадор разговараа за Украина


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се сретна со амбасадорот на Руската Федерација , Сергеј Баздникин.На средбата стaна збор за случувањата во и околу Украина, при што министерот Османи повика на деескалација на состојбите и изнаоѓање решение преку дијалог и дипломатски начин на комуникација. Toj  го повтори ставот дека Северна Македонија го почитува суверенитетот […]

За СДСМ предлогот за намалување на бројот на пратеници е лицемерен


Координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Јован Митрески, ги нарече лицемерни настапите на  ВМРО-ДПМНЕ , бидејќи даваат поддршка за изборни измени, па потоа ги блокираат. -Прво зборуваа  за намалување на бројот на пратеници, а сите знаеме дека до пред три години имавме дополнителни уште три пратеници од дијаспората со што нивниот став се […]

Уште едно возило вршело меѓународен превоз на патници без документација


Службеници од Полициската станица на граничниот премин „Табановце“ при Регионалниот центар за гранични работи Север во саботата при извршена контрола на патничко возило – комби „Фиат Дукато“, со германска национална ознака, констатирале дека тоа не поседува комплетна потребна документација за меѓународен превоз на патници. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт се изречени соодветни санкции […]

Илјада македонски граѓани барале азил во европски земји


Бројот на барања за азил во ЕУ и неколку други европски земји во ноември 2021 година е втор по големина од 2016 година, односно само малку помал од септември, објави Агенцијата за азил на ЕУ (АУАА). Во ноември се регистрирани околу 71.400 барања за меѓународна заштита, девет отсто повеќе од октомври, пренесува Бета.  Како што […]

Прилепската гимназија доби нов покрив и фасада, до 1 септември очекува реновирани училници


Вложуваме во децата, во младите и во образованието и во пандемиска година вложивме околу 1 милијарда денари за подобри услови во образовниот процес што е за 2,5 пати повеќе од 2020 година, изјави премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на прилепското основно училиште „Кире Гаврилоски-Јане“ и на прилепската гимназија „Мирче Ацев“. Ковачевски, заедно со министерот […]

Поскапува такси превозот во Битола, бурни реакции кај граѓаните


  БИТОЛА – Битолчани во наредниот период ќе плаќаат поскап такси превоз, откако мнозинството во Советот на Општина Битола гласаше за поскапување на  услугата. Така, на пример, за најблиската релација до 3 км, граѓаните досега плаќаа 90 денари, а  сега ќе плаќаат 110 денари. Претходно стартот беше 30 денари, а секој километар се плаќаше по […]

На Детската клиника успешно излекувано девојче од леукемија


На Универзитетската клиника за детски болести едно девојче успешно е излекувано од леукемија, изјави министерот за здравство Беким Сали. Тој денеска ја посети Клиниката со цел да види, како што рече, до каде се стигнати градежните работи во Одделот за онкологија, што наскоро се планира да биде отворен. – Онколошкиот центар на Клиниката за детски […]

Арсовска ги исчисти депониите во Скопје, таа во Шуто Оризари не ја виде


Во 82 дена, од почетокот на мандатот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, исчистени се над 150 диви депонии, од кои 120 се детектирани депонии за време на кампањата, но и диви депонии за кои пристигнале пријави од граѓани, рече таа на денешната презентација на сработеното за првите 82 дена, но за депонијата во Шуто […]

Од вечерва се враќа снегот


Под влијание на влажен бран во вечерните и ноќните часови во западните делови од земјава ќе започнат врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и утре и ќе се прошират насекаде. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и на југоистокот ќе започнуваат како дожд. На повеќе места и особено на западот ќе се формира нова […]

Министерот за здравство до тројцата лекари: Ова не е време за молење


  Ова не е време за молење, туку да се засучат ракавите. Вака министерот за здравство, Беким Сали ги коментираше реакциите на професорите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски, кои одбија да станат дел од Комисијата за заразни болести затоа што повикот им бил испратен јавно преку Фејсбук, а не лично. На прашањето дали […]