Џастин Трудо позитивен на коронавирус


Канада– Канадскиот премиер Џастин Трудо тукушто соопшти дека е позитивен на коронавирус.

Во објавата на Твитер тој напиша дека утрово добил позитивен тест. Канадскиот премиер истакна дека се чувствува добро и дека во текот на оваа седмица ќе продолжи да работи од далечина, следејќи ги препораките на здравствените власти.

 

 

 

 

 

 

 

 

Воедно тој ги повика Канаѓаните да се вакцинираат и да примат и трета, засилувачка доза против Ковид-19.