Рекордни 1.964 новозаболени во земјава, починаа вкупно 13 лица

Бројот на активни случаи драматично се зголеми последниве денови и сега изнесува 12.333. Во Скопје вчера регистрирани над илјада новозаболени


Процентот на позитивни примероци од тестовите изнесува 25 (Фото: Б. Грданоски)
 
Како и што се очекуваше, бројките на нови инфекции со корона вирус растат. Во последните 24 часа регистрирани се дури 1.964 случаи, што е рекорден број досега. Направени се 7.724 тестови, шро значи дека позитивни биле 25 проценти од примероците. Бројката на нови дневни инфекции во Скопје надмина илјада. Починаа вкупно 13 лица.
 
Нови случаи според градови:
• Скопје – 1.070
• Битола – 226
• Прилеп – 122
• Куманово – 52
• Охрид – 51
• Валандово – 44
• Радовиш – 35
• Велес – 32
• Гевгелија – 31
• Кавадарци – 29
• Тетово и Кочани по – 22
• Гостивар и Крушево по – 21
• Струга и Струмица по – 20
• Кичево и Крива Паланка по – 17
• Ресен и Богданци по – 13
• Штип, Неготино и Делчево по – 12
• Свети Николе – 10
• Кратово – 9
• Демир Хисар – 8
• Берово, Пробиштип, Македонски Брод и Пехчево по – 4
• Дебар, Виница и Македонска Каменица по – 2, Демир Капија – 1
 
Поради технички проблем во системот „Мој термин“ во текот на денешниот ден не беа евидентирани оздравени лица. Оздравените лица од денешниот ден ќе бидат прикажани во утрешната информација.
 
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се седум починати лица: две од Скопје (82 и 87), две од Прилеп (74 и 86) и по едно починато лице од Ресен (67), Струга (71) и Крива Паланка (39). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 пријавени се шест лица: две починати лица од Гевгелија (66 и 78) и по едно починато лице од Скопје (71), Битола (78), Делчево (70) и Кавадарци (76), починати во период од 30.12.2021-08.01.2022г. Починатите се на возраст од 66 години до 78 години. Од пријавените 3 лица се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.
 
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236.241, бројот на оздравени пациенти е 215.853, на починати е 8.055, а бројот на активни случаи изнесува 12.333.