СЗО: Омикрон во следните недели ќе зарази половина од популацијата во Европа


  Предвидувањата велат дека варијантата омикрон ќе зарази повеќе од половина од жителите на Европа во следните шест до осум неделу, вели д-р ханс Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа. „Влеговме во 2022 година, а земјите од Европа и средна Азија и понатаму се под интензивен притисок од короната“, рече Клуге на […]

Лазаров го објави списокот на ракометари кои тргнаа на ЕП 2022


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, попладнево го објави списокот на играчи кои предмалку тргнаа на Европското првенство во унгарски Дебрецин. На списокот на Лазаров се најдоа: голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски, леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски централни бекови : Филип […]

Нема кратење на изолацијата, почетокот на второто полугодие ќе зависи од епидемијата


 Министерството за здравство соопшти дека членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци. На Комисијата, како што се посочува, се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој […]

„Металика“ слави 40 години постоење и 30 години од култниот „Црн албум“


САД– „Металика“, еден од највлијателните музички бендови, слави четири десетлетија постоење и 30 години од култниот „Црн албум“ (The Black Album). Како што велат, случајно се собраа и испишаа историја. Според „Дојче веле“, целиот рок-свет може да му се заблагодари на Ларс Улрих за објавувањето на малата реклама во калифорниски „Рисајкл“ во 1981 година. Останатото […]

„Landscape experience“ на Роберт Јанкулоски ќе не претставува на Венециското биенале 


Проектот „Landscape experience“ на Роберт Јанкулоски (соработник Моника Мотеска) и  Националната галерија е избран за официјален претставник на Република Северна Македонија на 59. Интернационална ликовна изложба во Венеција во 2022 година, информираат од Министерството за култура. Венециското биенале на уметноста ќе се одвива од 23 април до 27 ноември 2022 година. Во образложението на  стручната […]

Ковачевски во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа


Мандаторот за состав на новата влада на Република Северна Македонија и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска напладне на претседателот на Собранието, Талат Џафери, официјално му ги достави Предлог – составот и Предлог-програмата за работа на новата влада. -Составот на владата ги има имињата коишто вчера ги соопштивме од СДСМ, од ДУИ, ЛДП и од […]

Објавен јавниот оглас за финансиска поддршка за сметките за струја


Министерството за економија  го објави јавниот повик за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година, објави министерот за економија Крешник Бектеши. За оваа мерка обезбедени се 60 милиони денари. Со цел да се обезбеди заштита на ранливи потрошувачи на енергија, согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија […]

Трикратно зголемени сметките за струја на општините, бараат Владата да ја плати разликата


Општините се соочуваат со огромно зголемување на сметките за електрична енергија. Минатата година Општина Чаир платила околу 500.000 денари за електрична енергија, а сега сметката е 1,4 милион денари, со воведени рестрикции и намалено трошење на осветлувањето. Истиот случај е и во Општина Ѓорче Петров, сметката била до 700.000 денари, додека пак последната сметка за ноември 2021 […]

Македонците ги заменија Банско и Боровец со Златибор и Копаоник


Кирил Лазаров, претседателот на Македонско–бугарската стопанска комора,  во „Студио 10“ на ТВ24 рече дека Македонците сѐ повеќе се определуваат да ги заменат бугарските со српските зимски туристички центри поради политичката блокада од страна на Бугарија. „На границата е сменет односот, не заради одлука на политичари, туку самата атмосфера е таква. Келнерот ќе те праша таму […]

Речиси 8.000 новозаразени во Хрватска, починаа 38 пациенти


  Во последните 24 часа во хрватска забележани се 7.956 нови случаи со корона вирус,а бројот активни изнесува 46.828. Од нив 1.824 пациенти се лекуваат во болница, а 233 се на респиратор. Починаа уште 38 пациенти. Досега во хрватска од корона вирус заболеа 775.139, од кои 12.956 починаа. Вакцинирани се 55,95 отсто од населението.

„Мајкрософт“, „Блекрок“ и Банката на Америка ги здружија силите


Breakwater Energy Catalyst (BEC), јавно-приватен фонд поддржан од „Мајкрософт“ на Бил Гејтс, планира да инвестира 15 милијарди долари во чисти технологии. БЕЦ, фонд кој е дел од пошироката Групација за енергетика, основана од Гејтс во 2015 година, досега има собрано повеќе од милијарда и пол долари од бизниси и добротворни организации. Но, Џона Голдман, директор […]

Kој ќе доминира на пазарот на вакцини во 2022 година


Модерна и Фајзер, како и нејзиниот германски партнер BioNTech, ќе доминираат на пазарот на вакцини во 2022 година со кумулативна продажба од повеќе од 90 милијарди долари, предвидува британската аналитичка компанија Airfinity. Како што се наведува, нивните конкуренти – шведско-британската AstraZeneca, американската Џонсон и Џонсон и рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Н.Ф. […]

Општините не можат да го поднесат притисокот од поскапувањето на струјата


Претседателството на Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) ќе иницира измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, со цел да се подобри финансискиот и фискалниот капацитет, да се зголемат приходите на општините, а ќе побара и итен состанок со Владата за да се изнајде брзо и квалитетно решение за растот на […]

Борисов смета дека Радев му ги врзал рацете на Петков


Екс премиерот на Бугарија и лидер на партијата, ГЕРБ, Бојко Борисов,  излезе со коментар по вчерашната средба на Советодавниот совет за национална безбедност. Како што оценува тој, средбата била сосема непотребна, но сепак, на неа претседателот на државата, Румен Радев, му оневозможил каков било маневарски простор на премиерот Кирил Петков, пренесува „Труд“. „Договорот за добрососедство […]

Синдикатите во „Железници Транспорт“ бараат новата влада да го реши проблемот со 80-те работници


Синдикалните организации при „Железници Транспорт“ бараат веднаш по формирањето на новата влада да се реши проблемот со 80-те работници на кои не им е продолжен договорот за работа. Бараат Министерството за финансии да одговори позитивно на барањето за вработување на овие 80 лица и средба со новиот премиер и со министерот за транспорт и врски […]

Кои се новите четири министерки на СДСМ?


  Една повратничка во политиката, една „челична леди“ со искуство од машкиот ресор МВР, една пратеничка која ризикуваше кривична пријава за да го спаси кворумот во Собранието и една струмичанка со големо искуство во ресорот што ќе го води во новата влада – тоа  се четирите нови министерки на СДСМ кои се најдоа на списокот […]

Австралија истражува дали Ѓоковиќ можеби лажел околу патувањата


  Австралиските гранични сили истражуваат дали Новак Ѓоковиќ неточно изјавил дека не патувал и дека нема да го стори тоа две недели пред неговиот лет за Австралија, во најновиот пресврт во сагата за укинување на визата на тениската ѕвезда. Се отворија прашања во врска со изјавата пополнета од агентот на Ѓоковиќ, при што на социјалните […]

Мета и Пендаровски повикаа на одблокирање на пристапните преговори за ЕУ


Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој е во посета на Република Северна Македонија. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше изразено задоволство од нивниот позитивен развој, преку конструктивна соработка и размена на посети на највисоко ниво. Република Северна Македонија и Република Албанија, […]

Најмалку една жртва во невреме во Хрватска


Во невремето што ја зафати Хрватска уништена е една стара куќа, гранки и камења ги блокираа патиштата, а ветерот предизвика сообраќајна несреќа во која камион падна во бездна при што загина возачот. Возачот на камионот загинал при пад во бездна, на делница од патот Карлобаг-Сењ кај исклучувањето за Призна, кој се случил синоќа за време на забрана […]

„Фајнанс тинк“: Што вети, а што оствари Владата на економски план


Пет ветувања од Програмата на Владата 2020-2024 се исполнети, четири се во насока на исполнување, а 12 ветувања се во спротивна насока од ветената, покажува најновиот извештај „Големи економски ветувања, големи потфрлања“ направена од страна на „Finance Think“. – Политичките ветувања од економско-социјалниот домен преточени во Програмата за работа на Владата 2020-2024 година се остваруваат […]