За последните десет години Хрватска загуби 10 отсто од населението


  Хрватска има 3.888.529 жители, 1.480.423 домаќинства и 2.350.444 станови. Ова е новата слика на земјата според пописот од 2021 година, што во петокот го објави директорката на Централниот завод за статистика, Лидија Брковиќ. Според овие податоци, за десет години од последниот попис, тој во 2011 година, Хрватска загубила 396.360 жители или 9,5 отсто од […]

Дали во авионите наскоро би можело да има само еден пилот?


Ако се качевте во патнички авион во 1950 година и ѕирневте во пилотската кабина, ќе видевте пет луѓе таму (речиси сигурно мажи): двајца пилоти, радио оператор, навигатор и инженер за летови. Со текот на годините, техничкиот напредок во радио комуникациите, системите за навигација и опремата за мониторинг постепено ја отстранија потребата за последните тројца, што […]

Гутереш: Вакцинацијата против Ковид-19 многу заостанува зад прогнозите на СЗО


 Вакцинацијата на светското население против коронавирус драстично заостанува зад предвидените планови на Светската здравствена организација (СЗО), изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. – Минатата есен СЗО претстави стратегија за вакцинирање на 40 отсто од светското население до крајот на минатата година и 70 проценти до средината на 2022 година. Сега не сме ни блиску […]

Српските таблоиди остро ја нападнаа Ана Ивановиќ зошто јавно не му дала поддршка на Ѓоковиќ


  Српските таблоиди бараат од сите што на некаков начин имаат врска со тенисот да застанат во одбрана на Новак Ѓоковиќ  за сето она што се случува во Австралија, укинувањето на визата по втор пат и судските рочишта. „Она што на многумина им падна во очи е дека изостана поддршката на Ана Ивановиќ, најдобрата српска […]

Стотици илјади Индијци се капат во светата река Ганг и покрај корона вирусот


Стотици илјади хиндуистички верници се капеа денеска во светата река Ганг, додека во земјата се зголемува бројот на заразени со Ковид-19. Хиндуистите веруваат дека капењето во реката Ганг за време на фестивалот Макар Санкранти ќе ги спаси од гревот. Слични собири придонесоа за голем втор бран на пандемијата во земјата минатата година. Голем број луѓе […]

Димитров: Воопшто не молчев, додека бев во Владата битката ја водев внатре


Вицепремиерот за европски прашања во заминување Никола Димитров воопшто не се кае за искажаните ставови на прес-конференцијата од пред два дена и, како што вели воопшто не молчел, ни додека бил во Владата. -Не се каам и воопшто не молчев, ни додека бев во Владата. Не бев толку отворен, затоа што битката ја водев внатре, […]

Доенче со вродена аномалија почина од корона вирусот


 Министерството за здравство соопшти дека Институтот за јавно здравје во денеска доставениот извештај пријави починато дете на шест месечна возраст, кое во регистарот „Мој Термин“ е заведено дека починало на 03.01.2022 година. Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за […]

(ВИДЕО) БЕГ под принудна управа, нема да има студени радијатори


Министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција информираше дека проблемот со топлинската енергија во Скопје и во општините е решен. -Домаќинствата ќе имаат непрекината испорака на парно греење. На денешната седница донесовме уредба во делот на критериумите и условите за прогласување кризна состојба на пазарот на топлинска енергија. Владата ќе обезбеди финансиски средства со кои […]

Нови 1.732 случаи со Ковид-19, вкупно 13 починати и 1.035 оздравени пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 6.928 тестови, а регистрирани се 1.732 нови случаи со КОВИД-19, седум починати и 1.035 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 1.732 случаи во Скопје се 788, Битола – 159, Прилеп – 95, Куманово – 79, Охрид – 57, Кавадарци – […]

Уште 12.721 новозаболени од корона вирус во Србија


По вчерашниот црн рекор од 13.753 новозаболени со Ковид-19, Србија и денеска, според официјалната веб-страница на Министерството за здравство, бележи петцифрена бројка на заразени, или од 31.540 тестирани позитивни се 12.721 лица, јави дописникот на МИА од Белград. Според официјалните податоци, уште 23 лица починале во последните 24 часа како последица на коронавирусот, со што […]

Парно ќе има, објави новиот мандатар Ковачевски


По најавите на БЕГ дека нема пари за гас, а со тоа ни парно за скопјани, новиот мандарат Димитар Ковачевски објави дека цела грејна сезона ќе обезбедат греење во главниот град. – Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура. Како […]

Минатата година беше шестата најтопла година на Земјата


Минатата, 2021 година беше шестата најтопла година на Земјата од почетокот на мерењата, соопшти во четвртокот Националната океанска и атмосферска администрација на САД. Просечната температура на површината на копното и океаните минатата година била за 1,51 степен повисока од просечната во 20 век, објави Националната управа за океани и атмосфера (NOAA) во новиот извештај. Посебна […]

Со грант од Светска банка Општина Велес ќе гради водовод за село Сопот


Општина Велес доби грант од Светската банка во висина од 12 420 842 денари за изградба на водоснабдителен систем кон селото Сопот во близина на велешко езеро „Младост“ и за набавка на теренско возило со кое ќе управува ЈКП„Дервен“ за одржување на овој и останатите водоснабдителни системи во велешките села. Како што информира за МИА, […]

Јавна обвинителка нападната од полицајка во Битола


СВР-Битола информира дека во текот на вчерашниот ден се случил иницидент во Основното јавно обвинителство во Битола и притоа била нападната jавната обвинителка Ж.К.Б од страна на полициска службеничка. – Вчера во СВР – Битола Ж.К.Б., вработена како Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Битола пријави дека околу 14 часот, додека била на работното […]

Германија ја врати Македонија на листата на високоризични земји од инфекција со Ковид


Германија ја врати Северна Македонија на листата на високоризични земји, па од недела ќе биде потешко да се влезе во таа земја, односно невакцинираните и лицата кои не прележале Ковид ќе мора да бидат ставени во карантин, јави дописникот на МИА од Белград. Покрај Северна Македонија, на листата на земји со поголем ризик од зараза […]

Се степале две пензионерки во Чаир


На 13.01.2022 во 15.20 часот на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Ф.К.(71) и Н.К.С.(67), двете од Скопје, на која претходела вербална расправија околу имотно-правни недоразбирања. Сочинети биле записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

Ограничувањата во снабдувањето ја зголемија цената на нафтата на 86 долари


Цените на нафтата се искачија до 86 долари на меѓународните пазари во петокот, поттикнати од ограничувањата на понудата и послабиот долар што ја засени можната нова аукција на нафта од стратешките резерви на Кина на почетокот на февруари. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 1,16 долари во однос на претходното затворање, на 85,63 […]

Разрешена Ризова, Дарко Спасов нов в.д. директор на „Театар Комедија“


Дарко Спасов, вработен како драматург во театарот „Комедија“, е назначен за в.д. директор на оваа театарска установа откако истовремено е разрешена директорката Магдалена Ризова Черних. Министерката за култура Ирена Стефоска донесе решение за престанок на должноста на Магдалена Ризова Черних како в.д. директор на Национална установа„ Театар  Комедија“  поради работа која не е во согласност со закон и […]

Зголемен прометот во индустријата


Вкупниот промет во индустријата лани во ноември е зголемен за 18,5 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, а пораснал за 10 проценти во однос на октомври 2021 година. Во првите 11 месеци од 2021 година, пак, е поголем за 16,8 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Според податоците на […]

Во ноември лани регистрирани 38.997 туристи и 80.693 ноќевања


Бројот на туристите во државава во ноември 2021 година изнесува 38.997, од кои 45,5  отсто се домашни, а 54,5  отсто се странски. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата во ноември 2021 година изнесува 90.693, од кои 49,3  проценти се од домашни туристи, а 50,7 отсто од странски туристи. Во периодот […]