Парно ќе има, објави новиот мандатар Ковачевски


По најавите на БЕГ дека нема пари за гас, а со тоа ни парно за скопјани, новиот мандарат Димитар Ковачевски објави дека цела грејна сезона ќе обезбедат греење во главниот град.

– Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура. Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно – напиша тој на Фејсбук.