Српските таблоиди остро ја нападнаа Ана Ивановиќ зошто јавно не му дала поддршка на Ѓоковиќ


Србите ѝ забележуваат на Ана Ивановиќ пушта вакви фотографии на Инстаграм наместо да застане за Ѓоковиќ

 

Српските таблоиди бараат од сите што на некаков начин имаат врска со тенисот да застанат во одбрана на Новак Ѓоковиќ  за сето она што се случува во Австралија, укинувањето на визата по втор пат и судските рочишта.

„Она што на многумина им падна во очи е дека изостана поддршката на Ана Ивановиќ, најдобрата српска тенисерка во историјата. Нејзиниот глас, дури и да биде објавен на социјалните мрежи, би се слушнал далеку, бидејќи е популарна и во медиумите, како и поради тоа што на Инстаграм ја следат 1,5 милиони луѓе“, пишува „Телеграф“.

Според весникот, она што дополнително ги нервирало фановите, а особено Србите, е тоа што Ана била активна на социјалните мрежи и што објави фотографии за време додека „Ѓоковиќ преживува вистинска голгота во Австралија“. Таблоидите пренесуваат дека многумина се разочарани од Ивановиќ, а една од највпечатливите провокации е прашањето дали нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер не ѝ дозволил да го поддржи Новак.