Минатата година беше шестата најтопла година на Земјата


Минатата, 2021 година беше шестата најтопла година на Земјата од почетокот на мерењата, соопшти во четвртокот Националната океанска и атмосферска администрација на САД.

Просечната температура на површината на копното и океаните минатата година била за 1,51 степен повисока од просечната во 20 век, објави Националната управа за океани и атмосфера (NOAA) во новиот извештај.

Посебна анализа на НАСА, исто така, заклучи дека 2021 година беше шестата најтопла година забележана и изедначена со 2018 година „Јасно е дека секоја од последните четири децении била потопла од претходната“, рече Расел Восе, раководител на одделот за следење на климата на (NOAA).

„Се разбира, сето ова е поттикнато од зголемувањето на концентрацијата на гасовите што ја задржуваат топлината, како што е јаглерод диоксидот“.