Австралија близу врвот на омикрон бранот на коронавирус


Австралија најверојатно се приближува до врвот на бранот на коронавирус, во кој доминира омикрон варијантата, соопштија денеска властите, но предупредија дека дневниот број на заразени ќе остане блиску до рекордните нивоа и „во следните неколку недели“, откако се евидентирани повеќе од 100.000 случаи четврти ден по ред. Австралија претходно го ограничуваше ширењето на вирусот со […]

Шестмина повредени при престрелка на концерт во САД


Најмалку шест лица се повредени во престрелка за време на концерт во Јуџин, Орегон. Ова го соопшти градската полиција преку Твитер. Синоќа на паркингот пред објектот каде се одржувал локален концерт дошло до инциденти со огнено оружје. Полицијата и служби за итна помош пристигнале на местото на настанот. Пет жртви биле веднаш транспортирани во локалната […]

Несопирлив пораст на цените на недвижностите во Европа, најголем во последните 16 години


Цените на станбените недвижности во ЕУ и во еврозоната пораснаа најсилно во последните 15 години во третиот квартал од 2021 година, а во Хрватска нивниот раст беше блиску до европскиот просек, покажа во петокот извештајот на Евростат. На ниво на ЕУ, цените на станбените недвижности во ЕУ пораснале за 9,2 отсто во третиот квартал од […]

Далас предводен од Дончиќ ја прекина победничката серија на Мемфис


Кошаркарите на Далас го совладаа синоќа Мемфис со 112:85 и со тоа ставија крај на серијата од 11 победи во низа во НБА лигата. Далас беше предводен од фантастичниот Словенец Лука Дончиќ, кој го оствари својот 40. трипл-дабл ефект во кариерата, постигнувајќи 27 поени, од кои 19 во второто полувреме. Додаде и 12 скокови и […]

Царовска: Покажавме дека промени се возможни, продолжувам да се борам за еднаквоста, правата и интересите на децата, младите и жените


И по заминувањето од функциите продолжувам да сум на страната на граѓаните, бидејќи верувам дека тие се единствените кои имаат моќ да ги менуваат работите на подобро. Продолжувам силно да се борам за граѓанските вредности, за еднаквоста, за интересите и правата на децата, младите и жените. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила […]

Пожар во фабрика во Њу Џерси се приближува до складиште за хемикалии


Пожар во близина на хемиска фабрика во Пасаик, во американската држава Њу Џерси, синоќа се прошири на неколку згради и се заканува да стигне до складиште за хемикалии, соопштија официјални лица. Градоначалникот на Пасаик, Хектор Лора, во видеото објавено на Фејсбук им порача на жителите да се оддалечат од таа населба и да ги затворат […]

Тонга издаде предупредување за цунами по ерупција на подводен вулкан


Тонга, островска држава во Пацификот, денеска издаде предупредување за цунами по ерупција на подводен вулкан. Видео објавено на социјалните мрежи покажува големи бранови кои ги погодуваат крајбрежните области. Метеоролошката служба на таа земја соопшти дека е издадено предупредување за цунами за целиот архипелаг Тонга. Денешната ерупција е последната во серијата ерупции на вулканот Хунга-Тонга Хунга […]

Македонските ракометари вечерва против Црна Гора на ЕП


Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот против Црна Гора го продолжува настапот на Европското првенство во Дебрецин. По стартниот пораз во четвртокот против Словенија (25:27), триумф против вториот балкански противник во групата А ќе биде неопходен за македонските ракометари да ги задржат шансите за пласман во следната фаза пред завршниот натпревар против светскиот првак Данска. Селекторот […]

Бугарскиот премиер во вторник во посета на Северна Македонија


Премиерот на Бугарија Кирил Петков на 18 јануари ќе допатува во официјална посета на Скопје, Република Северна Македонија. Во бугарската делегација се министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, министерот за транспорт и врски Николај Сибев и потпретседателот на Народното собрание Кристијан Вигенин. Пеков требаше претходно да допатува во посета на Северна Македонија, но таа беше […]

Анѓушев: Повеќе нема да видиме цени на електричната енергија под 80 евра за мегават час


Цената на електричната енергија на берзите долгорочно ќе се стабилизира од 80 до 120 евра за мегават час, но мислам дека цела 2022 година нема да ја поминеме со помал просек од 150 евра, можеби малку ќе се стабилизира во 2023 година и ќе падне до 120 или 130 евра, но повеќе нема да видиме […]

Поранешен советник на Обама се изјасни за виновен за измама


Поранешен вработен во администрацијата на 44-от претседател на САД Барак Обама – Сет Ендрју, се изјасни за виновен за измама со технички средства. Тој се соочува со 20 години затвор, соопшти американското Министерство за правда. „Сет Ендрју, поранешен советник во Белата куќа, денеска се изјасни за виновен за измислување шема за ограбување на училишта. Сега […]

Во Бразил почна вакцинацијата на деца од пет години и повеќе


Петнаесет бразилски деца вчера ја примија вакцината против Ковид-19, неколку недели откако државниот здравствен регулатор издаде одобрение за вакцината „Фајзер“ за деца на возраст од пет до 11 години. На 16 декември, државниот здравствен регулатор издаде одобрение за употреба на вакцина за деца на возраст од пет до 11 години, развиени од Фајзер. Одлуката го […]

(Видео) Новак Ѓоковиќ повторно е во притвор со други имигранти


Откако министерот Алекс Хоук му ја укина визата, светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ започна нова правна битка пред Федералниот суд. Ѓоковиќ, додека го чека финалното судење, е во притвор, но не на тајна локација, туку во хотелот за имиграција каде што првично беше приведен. На воведното рочиште неговите адвокати изразија желба конечното судење да […]

Што (ќе) се гради кон Бугарија


Скопје и Софија немаат ниту железничко, ниту авионско, ниту автопатско поврзување. Во најава или во тек се неколку проекти од наша страна што треба да обезбедат подобро поврзување на луѓето и бизнисот и зголемен обем на трговска размена. Во предлог програмата на Владата е наведено дека во првата половина на годинава ќе продолжи изградбата на […]

Десетина компании развиваат вакцини против ковид во форма на спреј за нос


Најмалку девет лаборатории и компании во светот во моментов развиваат вакцини против ковид, кои се даваат во форма на спрејови за нос, наместо инјекции, покажуваат најновите податоци на Светската здравствена организација. Покрај тоа што се помалку непријатни од боцкањето со игла, овие вакцини би можеле да бидат поефикасни од инјекциите во запирање на коронавирусот онаму […]

Општините ќе располагаат со повеќе пари, но ќе има и поголема финансиска дисциплина и отчетност


Од годинава општините ќе добиваат повеќе пари со што треба да станат финансиски постабилни и на тој начин да испорачуваат подобри и поефикасни услуги за граѓаните. Со реформата за унапредување на фискална децентрализација предвидено е постепено до 2024 година општините да добијат повеќе приходи од личниот данок на доход и од стапката на дотација од […]

Пратениците бираат нова влада, кој е кој во тимот на Ковачевски


Во Собранието денеска во 11 часот треба да почне 60-та седница, со единствена точка на дневен ред Избор на Влада на Република Северна Македонија. Новата Влада што треба да ја предводи Димитар Ковачевски ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Новиот владин кабинет ќе има еден […]

Северна Кореја истрела балистички ракети по трет пат овој месец


Северна Кореја вчера истрела проектили за кои се верува дека се балистички ракети, по трет пат за еден месец, соопшти јужнокорејската војска. Се претпоставува дека две балистички ракети со краток дострел биле истрелани кон исток од провинцијата Северен Пјонгјанг на северозападниот брег на Северна Кореја. Севернокорејската агенција КЦНА објави дека е одржана вежба за тестирање […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 15 јануари 2022 година, 15-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 350 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 26 минути. Денов трае 9 часа и 26 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 14 часот […]

Вучиќ побарал од Додик Србите да се вратат во институциите на Босна и Херцеговина


  Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик вечерва изјави дека политичките актери во Република Српска ќе разговараат за барањето на српскиот претседател Александар Вучиќ за враќање на српските претставници во институциите на БиХ. Додик, лидерот на најголемата партија во Република Српска, Сојуз на независни социјалдемократи, изјави за РТС дека одлуката за враќање […]