Репрезентативецот Ѓуроски бил повреден во тепачката во Маврово


Членот на кошаркарската репрезентација на Македонија и на Пелистер, Стојан Ѓуровски е еден од повредените во тепачката која вчера се случи на ски терените во Маврово.  Во тепачката учествувале две групи, едната од Гостивар во која бил и Стојан Ѓуроски и неговиот брат заедно со уште две лица и другата група од Косово. На тепачката и […]

Се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите


За прилепските археолози 2021 година донесе големо откривање на тајните на минатото, а најмногу од сѐ, им даде можност оваа и наредните години прецизно да ги изнесат фактите како се живеело на овие простори. Таа прецизност им ја донесе новата лабораторија во Институтот за старословенска култура. Античкиот локалитет Стибера, најпознат по совршенството на пронајдените мермерни статуи, […]

Министерот Бесими на средба со директорката на УЈП


Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска ќе ја посети Управата за јавни приходи каде ќе одржи работен состанок со директорката Сања Лукаревска и со раководството на УЈП. На состанокот ќе се разговара за реализираните проекти и реформи на Управата за јавни приходи во изминатиот период и за проектите и активностите на кои ќе се работи во […]

Бројот на новозаболени во првите три дена од годинава во постојан пад


Бројот на новозаболени од Ковид-19 од почетокот на годината е во постојан пад и во првите три дена од годинава регистрирани се вкупно 923 нови случаи, додека оздравени се 1.328 и починати 15 лица, со што бројот на активни случаи постојано се намалува и изнесува 4.817 лица. Според податоците од Институтот за јавно здравје на […]

Сончево и топло, од четврток промена на времето


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната од 10 до 17 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност и со […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 4 јануари 2022 година, 4-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 361 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 2 минути, а ќе зајде во 16 часот и 14 минути. Денов трае 9 часа и 12 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Македонските ракометари го совладаа Израел во подготовките за Европското првенство


Македонската машка ракометна репрезентација ја продолжи победничка низа во подготовките за настап на претстојното Европското првенство, совладувајќи го во Скопје вечерва Израел со 31:28 (14:15). Најефикасен во македонскиот состав, во првиот од двата контролни натпревари против израелската репрезентација, беше Ненад Костески со пет голови, додека Филип Кузмановски и Цветан Кузманоски постигнаа по гол помалку. Контролните […]

Снежната бура го „зароби“ Бајден во авионот


  Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска беше завеан 30 минути во авионот во Вашингтон, поради снежната бура која го зафати главниот град. Бајден се врати во Вашингтон со претседателскиот авион, а излезе од него дури откако персоналот со маки дотурка скали до авионот, поради наврнатиот снег, пишува Индепендент. Камионот ги туркаше скалите со помош […]

Данска ја поврза на мрежата најголемата турбина на ветер во светот


Во Данска, најголемата турбина на ветер во светот е поврзана на мрежата, која ќе може да снабдува електрична енергија за повеќе од 18.000 домаќинства, објавија медиумите во понеделникот. Ветерната турбина висока 271 метар е една од највисоките самостојни згради во Данска и е дел од Националниот истражувачки центар Остерилд. Германскиот производител на ветерна енергија Siemens […]

Омикрон и снегот го одложија продолжението на учебната година во САД


Во многу училишта ширум САД е одложен почетокот на наставата, додека образовните институции се обидуваат да спроведат тестирање за учениците, и во краен случај се подготвуваат да се вратат на онлајн часови. Исто така, снежното невреме придонесе за одложување на почетокот на вториот дел од учебната година во Вашингтон и околината, јави вечерва Гласот на Америка. Сето ова се случува во време кога во целата […]

Инфлацијата во Турција надмина 36 отсто


Годишната стапка на инфлација во Турција во декември 2021 година достигна 36,08 отсто, што е највисоко ниво во последните две децении, покажаа во понеделникот податоците на Заводот за статистика на Анкара. Инфлацијата во ноември изнесуваше 21,31 отсто. Стапката на инфлација во Турција е повеќе од двојно зголемена од летото, поттикната, меѓу другото, и од повисоките […]

Случаите со ковид пораснаа за 948% во Флорида, Омикрон ги преплави САД


  Случаите со Ковид-19 во Флорида се зголемија за 948% за само две недели, додека високо преносливата варијанта Омикрон предизвикува огромен бран инфекции и хоспитализации низ целата територија на САД. Дури и кога д-р Ентони Фаучи – главниот медицински советник на Џо Бајден – ја предупреди јавноста да ги погледа хоспитализациитеа, а не инфекциите со […]

Трамп го поддржа Орбан за изборите оваа пролет


  Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан во неговата кандидатура за четврти последователен мандат на функцијата. Унгарскиот лидер „навистина ја сака својата земја и сака безбедност за својот народ“, рече Трамп во изјавата во понеделникот. „Тој направи моќна и прекрасна работа во заштитата на Унгарија, запирањето на илегалната имиграција, создавањето […]

Синот и ќерката на Трамп повикани на распит пред Јавната обвинителка на Њујорк


САД– Јавната обвинителка на Њујорк повика на испитување уште две од децата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот и Иванка Трамп, како дел од граѓанската истрага за измама поврзана со бизнисот на Трамп, јави денеска весникот „Њујорк Тајмс“. Поканите, издадени од канцеларијата на јавната обвинителка Летиција Џејмс, им биле предадени уште на […]

Адел ја купи куќата на Силвестер Сталоне, четврта во Беверли Хилс


САД- Адел ја започнува новата година токму со купувањето на вилата на Силвестер Сталоне во Беверли Хилс, според Дејли Меил. Сталоне првпат ја наведе куќата за продажба со осум спални и 12 бањи во јануари 2021 година за 110 милиони долари, пред да ја спушти цената на 85 милиони долари во мај, но Адел, наводно, […]

Здравствениот систем во Британија e под притисок, Џонсон не воведува нови мерки


 Британскиот премиер Борис Џонсон денеска предупреди дека здравствениот систем во земјата е под притисок поради наглото зголемување на бројот на заразени со корона вирусот, но истакна дека нема да се воведуваат нови санитарни мерки. Бројот на новозаразени лица, поради појавата на позаразниот сој омикрон, вчера изнесуваше 137.583, а починале 73 лица. – Мислам дека треба […]

Ново торнадо во САД, најмалку осум жртви


  Во налет на торнадо во САД загинаа најмалку осум лица. Енди Башир, гувернер на Кентаки, држава погодена од торнадото, рече дека можно е да има најмалку 50 мртви/ Штотуку се опорави од силното торнадо од 11 декември, Кентаки неше погодена од уште неколку, во петокот и саботата, кога повтроно се случи елементарната непогода, во […]

Вашингтон парализиран од снег


Вашингтон го погоди силно невреме при што снежна бура го парализираше главниот град на САД. Според официјалните податоци, наврнале само 17 сантиметри снег, но тоа го отежнува сообраќајот. Температурите се движат од минус седум до два Целзиусови степени. Ова е прва снежна бура во градот во 2022 година. Силната снежна бура, која вчера почна во Америка и остави […]

ФДА одобри бустер доза на Фајзер/Бионтек за деца од 12 и повеќе години


САД– Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) го прошири овластувањето за итна употреба на засилувачка доза на вакцината на Фајзер/Бионтек против Ковид-19 за да вклучи деца на возраст од 12 и повеќе години. Бустер дозата е со иста јачина на дозата (30-микрограми) како и дозата одобрена во примарната серија, се вели во соопштението. ФДА претходно одобри засилена доза на […]

Три млади момчиња загинаa во сообраќајка на Корчула


Хрватска- Синоќа во тешка сообраќајна несреќа на островот Корчула загинале три млади момчиња, сите тројца од Смоквица, пренесува порталот Индекс.хр. Според информациите од Хрватска, несреќата се случила вчеравечер околу 12.45 по полноќ. Сообраќајната незгода се случила кога 19-годишник, управувајќи со сопствено возило со дубровничка регистерска табличка, движејќи се од Блато во правец на Вела Лука, изгубил […]