Репрезентативецот Ѓуроски бил повреден во тепачката во Маврово


Членот на кошаркарската репрезентација на Македонија и на Пелистер, Стојан Ѓуровски е еден од повредените во тепачката која вчера се случи на ски терените во Маврово. 

Во тепачката учествувале две групи, едната од Гостивар во која бил и Стојан Ѓуроски и неговиот брат заедно со уште две лица и другата група од Косово. На тепачката и претходела вербална расправија поради непочитување на редот на ски-лифтот од страна на групата од Косово која потоа ги нападнала браќата Ѓуроски и пријателите.

Според очевици, Стојан Ѓуроски бил удрен со скија по раката, која му била повредена, поради што морал да биде однесен на лекарски прегледи. Тој прво е пренесен во гостиварската болница, а потоа и во клиничкиот центар во Скопје, додека полицијата останатите учесници во тепачката ги задржа во полициската станица во Гостивар, се до целосното расветлување на случајот.