Во Франција откриена нова варијанта на Ковид-19


Научниците се загрижени поради појавата на нова варијанта на корона вирус во јужна Франција. Откритието дојде откако 12 пациенти во истиот регион беа позитивни, а нивните тестови покажаа „нетипична комбинација“. Експертите се сомневаат дека случајот можеби дошол од Камерун, бидејќи првото заразено лице пристигнало од патување од таа земја. Тие рекоа дека идентификувале 46 мутации […]

Расте бројот на новозаразени со корона вирус во Австралија


Се зголемува бројот на новозаразени со корона вирусот во Австралија, со што се зголемува и притисокот врз тамошните болници и центри за тестирање. Во најнаселената сојузна држава на континентот, Нов Јужен Велс, регистрирани се 23.131 нови случаи. Најголемата бројка е регистрирана на последниот ден од старата година, кога 22.577 лица биле позитивни на тестот. Моментално […]

(Видео) До 40 см снег во делови од Америка


  Зимската бура која во понеделникот со силни снежни врнежи и силен ветар зафати делови од источниот брег на САД, донесе и до 40 ссм снег. Поради тоа сојузните служби и училиштата сопреа со работа, а дојде и до одлагање на летови и исклучување струја за голем број домаќинства. Нацуоналната метеоролошка служба најави 12 до […]

СДСМ: Перо Камиказа призна дека зел 14.000 евра за новогодишното озвучување


  Новогодишната ноќ скопјани ја дочекаа на плоштад со настап на македонски групи и пејачи, но откако беше откажана организацијата и украсувањето од страна на градот, владејачката партија СДСМ обвини дека противкаднидатот за локалните избори Петар Георгиевски – Камиказа, преку својата фирма, наплатил 14.000 евра за озвучувањето. „Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ и на Арсовска, Петар […]

Mondelēz International го финализира договорот за аквизиција на Chipita Global S.A


Mondelēz International, Inc. (Nasdaq: MDLZ) денеска објави дека го финализираше договорот за аквизицијата на Chipita Global S.A., брзорастечкиот лидер во категоријата на производство на кроасани и благи и солени ужинки во Централна и Источна Европа. Аквизицијата ќе му овозможи на Mondelēz International да понуди широко портфолио на пекарски производи во Европа, задоволувајќи ја растечката побарувачка […]

Бадник е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед


Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2022 година (четврток), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Од МТСП им го честитаат Бадник на граѓаните од православната вероисповед. 

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите


Бубрезите се витален дел од човечкото тело бидејќи тие се одговорни за чистење на токсините во него. Затоа, стручњаците препорачуваат да се избегнуваат пет специфични намирници за да се одржи нормалната работа на бубрезите. Премногу сол е штетна за срцето. Иако солта, за разлика од додадениот шеќер, е неопходна за здраво функционирање на организмот бидејќи учествува […]

Џоан Колинс вели дека првиот сопруг Максвел Рид ја дрогирал и силувал на првиот состанок


САД- Ѕвездата на „Династија“ Џоан Колинс (88)  тврди дека нејзиниот прв сопруг, Максвел Рид, ја дрогирал и ја силувал. Во документарниот филм на Би-Би-Си „Ова е Џоан Колинс“, чија премиера беше во саботата во Велика Британија, Колинс рече дека ирскиот актер ја силувал, откако и’ насипал рум и кока кола со дрога Рохипнол, на нивниот […]

Стрес тест за животниот стандард


Некои тоа го нарекуваат совршена бура – кога повеќе негативни фактори ќе се испреплетат и ќе ја стават на тест издржливоста на институциите, на луѓето или на компаниите. Во случајот, на таков стрес тест е ставен животниот стандард на граѓаните кој се најде на удар по зголемувањето на цената на струјата, на греењето (не е […]

Во пад на израелски воен хеликоптер загинаа двајца пилоти


Израел– Израелски воен хеликоптер вчера се урна во морето кај северниот брег на Израел, при што загинаа двајца пилоти, соопшти израелската војска. Третиот член на екипажот е повреден во несреќата и итно е пренесен во болница, соопшти војската   Хеликоптерот се урнал за време на тренажен лет, а командата на израелските воздухопловни сили отворила истрага […]

„Ворнер мјузик“ ги откупи правата за сите песни на Дејвид Боуви за 250 милиони долари


САД – Американската дискографска куќа „Ворнер мјузик груп“ ги откупи правата на целиот список песни на британскиот рок пејач Дејвид Боуви (1947 – 2016), за 250 милиони долари. Договорот ги опфаќа издавачките права за сите 26 студиски албуми на музичарот, објави „Фајненшл тајмс“. – Среќни сме што музиката на Дејвид Боуви сега ќе биде во сигурни раце […]

Богатството на Илон Маск за еден ден се зголеми за 32 милијарди долари


САД– Богатството на американскиот претприемач Илон Маск се зголеми за 32,6 милијарди долари за само еден ден и достигна 304,2 милијарди долари. Скокот се должи на значителниот раст на акциите на неговата компанија Тесла. Податоците се од рангирањето на милијардерите според списанието Форбс. На тој начин, богатството на Маск се врати на нивото од ноември […]

Доналд Трамп Помладиот и Кимберли Гилфојл биле свршени повеќе од една година


САД– Двојката која сака да демонстрира политичка моќ, Доналд Трамп Помладиот и Кимберли Гилфојл, наводно, се свршени повеќе од една година, потврди извор близок на двајцата за The New York Post. Некогашната водителка на „Фокс њуз“, Гилфојл, носеше голем дијамантски прстен во објава на Инстаграм во саботата позирајќи со  него додека го прославуваа неговиот 44-ти […]

Обрадор лани од Трамп побарал помилување за Асанж, но не добил одговор


Мексико  – Мексиканскиот претседател, Андрес Мануел Лопез Обрадор, изјави дека минатата година побарал од Доналд Трамп помилување за основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, а тоа се случило пред Трамп да ја напушти Белата куќа. Лопез Обрадор изјави дека побарал помилување за Асанж во писмото што му го испратил на Трамп додека бил претседател на САД, […]

Рустеми : Очекуваме градежни работи со „Бехтел и Енка“ на крајот на првата половина од годинава


Објавен е огласот за избор на надзор и правен трансакциски советник за делниците на коридорите 8 и 10д што ќе ги реализира американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, со што е овозможен почеток на подготвителните работи за конкретна реализација на активностите. Почетокот на градежните работи се очекува кон крајот на првата половина од годинава, информира во […]

Најстудено во Тетово, Берово и Петровец, Скопско, најмногу снег на Попова Шапка


Утрово во 7:00 часот најниски температури од -3 степени се измерени во скопски Петровец, Тетово и во Берово. Следат, Битола, Струмица и Демир Капија со -2, -1 во Штип и Попова Шапка, 0 Скопје Зајчев Рид, Прилеп, Крива Паланка, Лазарополе, 1 Претор, Куманово, 2 Виница, Маврови Анови, Крушево, 3 Охрид, 5 Гевгелија, Дојран, Дебар. Како […]

Министерството за одбрана ги унапредува квалитетот и безбедносните стандарди за безбедносните служби


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска, ќе изврши увид во градежните работи кои се извршуваат на објектот каде е сместен Секторот за воена безбедност и разузнавање. Како што соопшти Министерството за одбрана, објектот се наоѓа во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје. По направениот увид, министерката Шекеринска ќе даде изјава за медиумите. 

Мексико прими рекордни над 130.000 барања за азил во 2021 година


Мексико – Мексико минатата година прими рекордни 131.448 барања за азил, соопшти вчера мексиканската Национална агенција за заштита на бегалци. – Бројот на апликации речиси двојно го зголеми рекордот поставен во 2019 година, објави на Твитер генералниот координатор на Мексиканската комисија за помош на бегалците (Комар) Андрес Рамирез Силва. Во 2019 година Мексико прими 70.341 […]

Премиерот на Хаити, Ариел Хенри, преживеа обид за атентат


Хаити– Вооружени лица во саботата се обиделе да го убијат премиерот на Хаити, Ариел Хенри, за време на прославите на Денот на независноста на земјата, соопштија официјални лица. Инцидентот се случил кога Хенри присуствувал на церемонија во црква во градот Гонаивес, 150 километри од главниот град Порт-о-Пренс. На видеата објавени на интернет се гледа како […]

На патот Свети Николе – Миладиновци сообраќајот по една лента поради свлечиште


На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, […]