Доналд Трамп Помладиот и Кимберли Гилфојл биле свршени повеќе од една година


САД– Двојката која сака да демонстрира политичка моќ, Доналд Трамп Помладиот и Кимберли Гилфојл, наводно, се свршени повеќе од една година, потврди извор близок на двајцата за The New York Post.
Некогашната водителка на „Фокс њуз“, Гилфојл, носеше голем дијамантски прстен во објава на Инстаграм во саботата позирајќи со  него додека го прославуваа неговиот 44-ти роденден во Мар-а-Лаго.
„Вечерва беше екстра посебно славење на роденденот на @donaldjtrumpjr“, напиша Гилфојл (52). „Дон, ти си силен, паметен, храбар, смешен и љубовта на мојот живот. Едвај чекам да го поминеме остатокот од животот заедно. Те сакам. 💋😍🎂♥️.”
Гилфојл и Трамп Помладиот почнаа да се забавуваат во 2018 година. И двајцата имаат деца од претходните бракови. Двојката минатата пролет купила куќа од 11.000 квадратни метри и 9,7 милиони долари на брегот во затворена заедница во Јупитер, Флорида, во близина на Мар-а-Лаго.
Во текстови до оперативец на Републиканската партија, Гилфојл се пофали дека собрала 3 милиони долари за митингот што му претходеше на бунтот на 6 јануари.
Гилфојл, некогаш во брак со гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, ја напушти работата како водителка на Фокс Њуз во 2018 година , откако беше обвинета за сексуално вознемирување на асистентот, објави The New Yorker минатата година. Според магазинот, Фокс тивко му платил милиони на помошникот.