Три млади момчиња загинаa во сообраќајка на Корчула


Хрватска- Синоќа во тешка сообраќајна несреќа на островот Корчула загинале три млади момчиња, сите тројца од Смоквица, пренесува порталот Индекс.хр.

Според информациите од Хрватска, несреќата се случила вчеравечер околу 12.45 по полноќ.

Сообраќајната незгода се случила кога 19-годишник, управувајќи со сопствено возило со дубровничка регистерска табличка, движејќи се од Блато во правец на Вела Лука, изгубил контрола над возило поради брзина неприлагодена на условите и состојбата на патот (слеп свиок , влажен коловоз, намалена видливост) слетало од коловозот и удрило во дрво.

Во возилото се наоѓале уште две млади момчиња на возраст од 22 и 24 години. Сите тројца млади момчиња починале на лице место.

Полицијата спроведе истрага за да утврди дека никој од загинатите додека возеле не бил врзан и не биле под алкохол.

Телата на младите се пренесени во Одделението за Патологија на дубровничката болница.