Снежната бура го „зароби“ Бајден во авионот


 

Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска беше завеан 30 минути во авионот во Вашингтон, поради снежната бура која го зафати главниот град.

Бајден се врати во Вашингтон со претседателскиот авион, а излезе од него дури откако персоналот со маки дотурка скали до авионот, поради наврнатиот снег, пишува Индепендент.

Камионот ги туркаше скалите со помош на работниците, додека се пробиваа низ големиот снег, а бајден чекаше половина час.

Тој потоа го прекри лицето додека се симнуваше по скалите, за да се заштити од снегот, а агент на тајната служба беше покрај него цело време.

Инаку, повеќе од 725.000 граѓани во Вашингтон и околните држави се без струја поради снежната бура, јави Си-ен-ен.