Случаите со ковид пораснаа за 948% во Флорида, Омикрон ги преплави САД

Патувањата за време на празниците придонесоа за вистинско цунами на нови инфекции


Луѓе чекаат дури и во километарски колони за тестирање во Флорида

 

Случаите со Ковид-19 во Флорида се зголемија за 948% за само две недели, додека високо преносливата варијанта Омикрон предизвикува огромен бран инфекции и хоспитализации низ целата територија на САД.

Дури и кога д-р Ентони Фаучи – главниот медицински советник на Џо Бајден – ја предупреди јавноста да ги погледа хоспитализациитеа, а не инфекциите со цел да се измери сериозноста на Омикрон, седумдневниот просек за пациентите во САД хоспитализирани со Ковид-19 се зголеми за повеќе од 40% во текот на недела помеѓу Божик и Нова Година.

Случаите се зголемија за повеќе од 100 отсто на национално ниво, и покрај тоа што тестовите се дефицитарни во многу области.

Во Флорида, локалните и државните власти предупредија дека жителите чекаат часови во редици понекогаш долги со километри само за да направат тест. Некои го обвинија државниот оддел за здравство и гувернерот Рон Десантис дека се исчезнати во акција.

Доказите сугерираат дека Омикрон е поблага но многу заразна варијанта. Но, тоа „сепак ќе направи страшна штета меѓу невакцинираните и во САД и во светот“, според „Њујорк тајмс“.

Само 62% од населението на САД е целосно вакцинирано, со особено ниски бројките на југот и во многу планински држави. Третата доза е достапна за луѓе од 16 години и постари, но само околу една третина од целосно вакцинирани Американци се одлучиле да ја добијат – и покрај тоа што Фаучи рече дека дополнителната доза претставува „оптимална“ заштита од Омикрон.

Ковид-19 уби повеќе од 820.000 луѓе низ САД. Тој ги поремети животите и средствата за живот, го наруши образованието, ги остави Американците да се чувствуваат изолирани и понекогаш ја доведе економијата во слободен пад.

Патувањето за празниците беше предвидлив рецепт за уште еден бран, сличен на минатата зима. Но, речиси две години по пандемијата, САД сè уште беа очајно неопремени за такви услови и варијантата Омикрон ги измачува Американците дури и да најдат тестови.