Без струја утре дел од корисниците во Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Сопиште и Студеничани


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Сопиште и Студеничани. Утре без струја од 8 до 15:30 часот, ќе останат дел од […]

Ќе се формира Агенција за анти-допинг


Владата денеска ја разгледа информацијата на Агенцијата за млади и спорт за потребата од основање самостојна независна Агенција за анти-допинг на Република Северна Македонија. За оваа цел Владата ја задолжи Агенцијата за млади и спорт во рок од 6 (шест) месеци да иницира и оствари координативни средби со претставници на националните анти-допинг организации на земјите […]

Децата со пречки во развојот или со посебни потреби можат да бидат ослободени од носење маски во училиште


Владата денеска донесе измени и дополнувања на Протоколот за реализација на воспитно образовниот процес и донесе заклучок дека децата со посебни потреби или со пречки во развојот, можат да бидат ослободени од обврската за задолжително носење маска во училиштата доколку приложат лекарска потврда за нивната состојба. Владата денеска ја прифати информацијата на Министерството за здравство […]

На културно-уметничките настани во затворено се дозволува до 50 отсто публика со две дози вакцина


Владата на Република Северна Македонија, на денешната 112-та седница, врз основа на препораки на Комисијата за заразни болести донесе повеќе заклучоци и одлуки за измени и дополнувања на дел од КОВИД-19 протоколите. На предлог на Комисијата за заразни болести Владата донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање настани во затворен простор (театри, кина, филхармонија […]

Еден процент од најбогатите во САД се побогати од целата средна класа


Богатството во САД е концентрирано во сè помал круг луѓе и според податоците на Блумберг, средната класа има помалку активи од најбогатите еден отсто од населението. Од вториот квартал на 2021 година, најбогатите еден процент од Американците имаа вкупна нето вредност од 36,2 трилиони долари, до 35,7 милиони долари. Ова е првпат вкупното богатство на […]

ОПЕК+ нема да го зголемува производството на нафта, очекува цените да не растат дополнително


Цените на нафтата, кои достигнаа највисоко ниво во последните неколку години, најверојатно нема дополнително да растат, изјави денеска ирачкиот министер за нафта Ихсан Абдул Џабар на енергетска конференција во Москва. Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), Русија и нивните други сојузници, познати како групата ОПЕК +, минатата недела одлучија да се држат до својот […]

Поради недостиг на чипови, намалено производството на Ајфон 13


Епл најверојатно ќе го ограничи производството на Ајфон 13 за 2021 година на 10 милиони телефони. Причина е тоа што и натаму има недостиг од чипови, што влијае на главниот производ на оваа компанија, според извори запознаени со ситуацијата, пренесува Блумберг. Според плановите, во последните три месеци од 2021 година, требаше да се произведат 90 […]

Кој е уметникот што ги слика илустрациите на лауреатите на Нобеловата награда


Оние кои што го следат објавувањето на добитниците на Нобеловата награда, сигурно забележале дека првите информации за нив се проследени со насликани портрети, а не со фотографии на лауреатите. Овие впечатливи цртежи се дело на Никлас Елмехед, портрет уметник кој ги слика лауреатите од 2012 година. На официјалниот твитер профил на Нобеловата награда привлече внимание […]

Шаќири: Ќе бидеме единствена земја во регионот која го развива дигиталниот идентитет


Во банкарскиот и приватниот сектор веќе се развива дигиталниот идентитет, а во фаза на подготовка е и на порталот за електронски услуги, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири во Подгорица каде учествува на Дигиталниот самит на Западен Балкан. – Ќе бидеме единствената земја во регионот која ќе го развие дигиталниот идентитет. […]

Русија ќе испорача повеќе гас ако побара Европа


  Рускиот претседател Владимир Путин  изјави дека Русија е подготвена да испорачи поголемо количество гас, доколку Еропа тоа го побара, отфрлајќи ги наводите дека Москва ги намалила своите испораки од политички причини. „Доколку побараат да го зголемиме количеството, ние сме подготвени тоа да го сториме. Ќе ја зголемиме испораката за онолку за колку што нашите […]

Пендаровски разговараше со португалскиот шеф на дипломатијата за кревање на блокадата во ЕУ


Претседателот Стево Пендаровски денеска во Малме, на маргините на Меѓународниот форум за сеќавање на холокаустот, оствари средба со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва. Претседателот Пендаровски и министерот Силва на средбата разговараa за можностите за напредок на Северна Македонија во евроинтеграциите, во пресрет на одржувањето на состаноците на Европската унија до крајот […]

Доделени повеќе инвертери од планираните во акцијата ,,10 милиони евра за 10 илјади инвертери”


 Акцијата „10 милиони евра за 10 илјади инвертери” спроведена во Скопје, Тетово, Кичево и Битола во текот на 2020/2021 со средства од АД ЕСМ во износ од 10 милиони евра и со одлука на Владата на Р. Северна Македонија, обезбеди чисто греење за голем број домови во општините со регистрирана највисока аерозагаденост и напуштање на […]

Загинаа двајца алпинисти чистејќи ги рударските силоси на Бучим


Две лица загинаа денеска во рудникот „Бучим“, членови на Алипинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш, кои биле ангажирани за чистење на високо недостапни силоси.Во официјалната изјава на рудникот „Бучим” стои дека во работната единица флотација се случил несреќен случај, при што двете лица се починати. – Починатите лица се подизведувачи од Алпинистички клуб „Плоча“-Радовиш, ангажирани за […]

„Сестри“ на Дина Дума е македонски кандидат за Оскар


Филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума е национален кандидат на Република Северна Македонија за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” за 2022 година. Како што соопштија од Друштво на филмските работници на Македонија, одлуката е донесена од страна на Комисијата за избор на македонски кандидат за оваа награда, составена од  Дејан Димески – […]

Даниел Сервер: Вучиќ веќе не седи на два стола, туку само на еден, свртен кон Русија и Кина


Експертот за Балканот вели дека Вашингтон и Брисел дека треба да се разбудат и да разберат дека исчезнаа надежите за Србија по падот на Милошевиќ и по подемот на Вучиќ   Американскиот професор Даниел Сервер изјави дека стана јасно оти претседателот на Србија, Александар Вучиќ, повеќе не седи „на два стола “, туку на еден, […]

САД ќе ни помагаат во истрагите за илегална сеча и загадување на водите


Дебатата за остварување на правна и судска заштита на животната средина доаѓа во вистински ако не и критичен момент. Додека често слушаме за перење пари или измами при јавни набавки, кривичните дела поврзани со животната средина на разни начини остануваат во сенка, особено во Северна Македонија. Криминалните дела како нелегална сеча или загадување на воздухот […]

Кошмарот на глобалниот синџир на снабдување ќе се влоши


Недостиг на компјутерски чипови. Епски метеж на пристаништата. И сериозен недостиг на возачи на камиони. Деликатните синџири на снабдување во светот се под екстремен стрес. Кошмарот на синџирот на снабдување ги зголемува цените за потрошувачите и го забавува глобалното економско закрепнување. За жал, Moody’s Analytics предупредува дека прекините во синџирите на снабдување „ќе се влошат […]

Во Србија уште 6.699 заболени, починаа 51 пациент


  Во Србија, во последните 24 часа регистрирани се 6.699 новозаболени со ковид-19, а истовремено починаа уште 51 пациент. Во болница се лекуваат 6.597, а на респиратор се 288 пациенти. Во теокт на пандемијата од последиците на ковид-19 во Србија починаа 8.892 луѓе, а процентот на смртност е 0,87. Од почетокот на епидемијата тестирани се […]

Кривичниот суд Скопје ја потврди казната од 19 години затвор за Ангела Ѓорѓиевска во предметот „Пино”


Кривичниот суд Скопје денеска ја потврди првична казна од 19 години затвор за Ангела Ѓорѓиевска, обвинета за соизвршителство на убиството на Пинета Секондо-Пино. Судскиот процес за овој предмет од страна на Апелациониот суд Скопје, беше вратен на повторно судење заради вештачењата. Во повторното судење вештачењата беа разјаснати од самите вештачи. Судењето за овој предмет го […]

Царовска: Не е можна дигитална трансформација, без дигитализација на образованието


Економски раст за регионот на Западен Балкан, но и на секоја држава одделно не е возможен со забрзан чекор без дигитална трансформација, изјави за МИА министерката за образование и наука Мила Царовска, која денеска учествува на Дигиталниот самит за Западен Балкан во Подгорица. Таа посочи дека на Самитот ги споделила позитивните искуства од нашата земја, […]