Заев поднесе оставка како премиер и лидер на СДСМ


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја честиташе победата на Данела Арсовска како градоначалник на Скопје и најави дека тој ја презема одговорноста за поразот на изборите. Тој најави дека поднесува оставка на премиерската функција и на функцијата лидер на СДСМ. За поразот тој ги посочи големите пари вклучени на изборите дојдени од разни странски извори. […]

Мицкоски: Убедлива победа и ден кога почнуваат промените за подобра Македонија


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција порача дека партијата извојувала голема победа и оти денешниот е денот кога почнуваат промените за подобра Македонија. Тој се заблагодари на поддршката од сите опозициски партии и додаде дека со соработката покажале оти е возможен еден широк опозициски фронт со кој се воспоставуваат основи за идна соработка […]

САД почна со клинички испитувања за прва вакцина против карцином на дојка


Клиника во Кливленд објави дека почнува со прво изпитување на луѓе со кое ќе се тестира вакцина дизајнирана да спречи тројно негативен карцином на дојка, кој во моментот не реагира на хормонски или целна терапија со лекови и може да се спречи само со мастектомија. Досега развојот на вакцина против тројно негативниот карцином на дојка […]

Димитриески: Во Куманово победија граѓаните


Старо-новиот градоначалник на Куманово, Максим Димитриески, во првата изјава по прогласување на победата на локалните избори рече дека имале еден лап топ, еден фотоапарат, но и голема граѓанска поддршка. Тој победата ја нарече голема борба за Куманово, но и за Македонија. Неговиот противкандидат од коалицијата предводена од СДСМ, Оливер Илиевски, го оцени изборниот процес за […]

Данела Арсовска прогласи победа во Град Скопје


Независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, прогласи победа на изборите пред кандидатот на СДСМ Петре Шилегов. Од обработени околу 60 отсто од избирачките места во Град Скопје  Данела Арсовска води со 55,85 проценти, а Шилегов  освои 40,60 проценти. -Во оваа кампања, противник не ми беше само градоначалникот Шилегов, туку и премиерот во заминување, изјави  Арсовска […]

Гошаревски му ја честита победата на Тозиевски од ВМРО-ДПМНЕ во Ресен


Актуелниот градоначалник на Ресен, Живко Гошаревски (СДСМ), вечерва му ја честита победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Ресен, Јован Тозиевски. Гошаревски на Фејсбук профилот напиша дека Ресен и Преспа мора да бидат подобро место за живеење за сите. „Мои почитувани преспанци, мои сограѓани, ми беше огромна чест што претходниве четири години бев градоначалник на Општина […]

Тони Коњановски е новиот градоначалник на Битола


ВМРО-ДПМНЕ слави во Битола. Кандидатот за градоначалник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ води со неколку илјади гласови пред кандидатот на СДСМ Христо Кондовски. Голема група на поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и Коњановски се собраа пред општинскиот комитет на партијата во центарот на градот, во една еуфорична атмосфера и со шампањско. Во обраќањето до јавноста Коњановски повика сложно да […]

(Во живо) Прес на Данела Арсовска


Проследете ја во живо прес-конференцијата на Данела Арсовска по завршувањето на локалните избори.    Од обработени околу 60 отсто од избирачките места во Град Скопје води независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска со 55,85 проценти. Петре Шилегов од СДСМ има 40,60 проценти од гласовите, покажуваат податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија […]

СДСМ во фотофиниш победи во Демир Капија


До пристигнувањето на гласовите од последното избирачко место, според податоците од ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Капија Андон Донев беше во водство од неколку десетици гласови. Но кога стигнаа гласовите од последното избирачко место победата му припадна на Лазар Петров од СДСМ со разлика од само 34 гласови. Соодносот на гласовите е 1.320 на […]

Јакимовски прогласи победа во Карпош


Стевчо Јакимовски како кандидат од Гром, а поддржан од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Карпош. Иако гласовите не се добројани од општинската изборна комисија, тој смета дека е новиот градоначалник на општината. „Во оваа изборна кампања морам да кажам дека се однесував витешки, излегував и кажував кои се решенијата на проблемите на Карпош и која е […]

Шпанија подготвена да донира 50 милиони вакцини на сиромашните земји


Шпанија, во која досега е вакцинирано 78,5 отсто од населението, вети дека ќе донира 50 милиони вакцини против Ковид-19 на сиромашните земји во светот, што е 20 милиони повеќе од претходно најавеното. Шпанскиот премиер Педро Санчез од Рим, каде викендов се одржа состанок на групата Г20, порача дека вакцините ќе бидат испорачани во период од […]

Научниците се обидуваат да го откријат потеклото на микропластиката во морињата и океаните


Тим француски и јапонски истражувачи со фрлање мрежа во јапонската префектура Шизуока се обидуваат да соберат микропластика, за да откријат како таа влегува во морето и колку продира во океанското дно, пренесува Џапан Тајмс. Се посочува дека ситни пловечки фрагменти од пластична амбалажа, синтетичка облека и рибарски мрежи се намножиле во последните четири децении и […]

Димитриевски се подготвува за прослава на кумановскиот плоштад


Независниот кандидат Максим Димитриевски повика на прослава на кумановскиот плоштад и веќе слави во својот изборен штаб повикувајќи се на резултати од набљудувачите. Дел од медиумите јавуваат дека неговиот противкандидат Оливер Илиевски ја потврдил победата на Димитриевски.  На социјалните медиуми се појавија и фотографии од атмосферата во штабот на Димитриевски, каде се спремаат за славење.

Спасовски: Важно обележје на овие избори е што граѓаните на дело го покажаа партнерскиот однос со полицијата


 Граѓаните покажаа дека демократијата станува дел од културата на нашето граѓанско општество, дел од нашите животи. Уште едно важно обележје на овие избори, во текот на целиот изборен процес е што граѓаните на дело го покажаа партнерскиот однос со македонската полиција, порача вечерва министерот за внтарешни работи Оливер Спасовски по завршувањето на вториот круг од […]

До основните јавни обвинителства пристигнале мал број пријави за изборни нерегуларности


Во вториот круг од локалните избори до Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела при изборниот процес при Јавното обвинителство и до обвинителствата пристигнале релативно мал број пријави и известувања за нерегуларности на изборниот процес, изјави претседателот на Комисијата, јавниот обвинител Џељал Бајрами, додавајќи дека по сите пријави се оформени […]

ВМРО-ДПМНЕ пред победа во Скопје, Битола и Охрид, ДУИ го изгуби Тетово


Ацо Ристов од Радовиш, Тони Коњановски од Битола и Кирил Пецаков од Охрид се нови градоначалници според извори од ВМРО-ДПМНЕ. Тие имаат значајно водство. Во Куманово води Максим Димитровски пред Оливер Илиевски  од СДСМ кој го призна поразот, во Карпош победа веќе прогласи Стевчо Јакимовски,  додека во Центар предност има Горан Герасимовски.  Во Град Скопје […]

Путин: Температурата во Русија расте два и пол пати побрзо од светскиот просек


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека просечната годишна температура на воздухот во Русија расте два и пол пати побрзо отколку во светот. На самитот на Г-20, на кој тој учествуваше преку видео врска, рече дека температурата на воздухот во Русија во последните десет години се зголемила за повеќе од половина степен, пренесе ТАСС. Путин […]

ДИК почна да објавува резултати


На страницата на Државната изборна комисија почнаа да се појавуваат првите резултати. Од скопските општини, може да се видат резултатите за Карпош и Центар, каде за градоначалници се тркаат Стевчо Јакимовски од ГРОМ и Душко Весковски од СДСМ, како и Горан Герасимовски од СДСМ и Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ.  Резултати може да се следат уште […]