Данела Арсовска прогласи победа во Град Скопје


Независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, прогласи победа на изборите пред кандидатот на СДСМ Петре Шилегов. Од обработени околу 60 отсто од избирачките места во Град Скопје  Данела Арсовска води со 55,85 проценти, а Шилегов  освои 40,60 проценти.

-Во оваа кампања, противник не ми беше само градоначалникот Шилегов, туку и премиерот во заминување, изјави  Арсовска на прес-конференција.

Таа изрази благодарност до сите за поддршката.

-Продолжуваме достојно и после црната кампања против мене. Вечерва славиме, а од утре почнуваме со работа и реализација на проектите уште во првите 82 дена. По 30 години, Скопје има жена градоначалник. Ви благодарам од се срце, рече Арсовска.

Според неа, разликата со Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ, е повеќе од 20.000 гласови.