СДСМ во фотофиниш победи во Демир Капија


Лазар петров е старо-новиот градоначалник на Демир Капија

До пристигнувањето на гласовите од последното избирачко место, според податоците од ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Капија Андон Донев беше во водство од неколку десетици гласови. Но кога стигнаа гласовите од последното избирачко место победата му припадна на Лазар Петров од СДСМ со разлика од само 34 гласови. Соодносот на гласовите е 1.320 на 1.286 во корист на Петров.

Лазар Петров беше градоначалник и во досегашниот мандат.