Богоев се чуди: Во која држава партиски лидер држи прес конференции со вработени во администрација

Фото: Б. Грданоски

На првата средба меѓу СДСМ и Алтернатива е разговарано за основите, односно за концептот, нагласи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5  телевизија.

Тој додаде дека предлагање на нова Влада подразбира и предлагање на нова владина програма.

Владината програма која што лани беше усвоена на владејачката коалиција по јулските избори 2020, сега ќе претрпи измени, бидејќи во Владата би требало да влезе нов политички субјект, а тоа е Алтернатива и тоа беше фокусот на првата средба, рече Богоев.

Тој исто така ја повика ДКСК да провери во кое својство, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски секој ден во работно време, оди на терен со градоначалниците или вработените во општините.

-Не смее партиски претседател да држи прес конференција со вработени во администрација, па каде го има тоа, појасни Богоев.