СДСМ бара ДКСК да реагира околу партизацијата на работата на градоначалниците од Мицкоски
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2021/11/Христијан-Мицкоски-2.jpg)
СДСМ бара Државната комисија за антикорупција да постапи околу грубата партизација на работата на градоначалниците од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Секојдневно Мицкоски се појавува на настани во општините каде се продолжуваат проекти на претходните градоначалници. Наместо пред граѓаните, градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ своите проекти ги промовираат пред нивниот партиски лидер. Изминатата недела во работно време градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вршеа увид и пуштаа во употреба локални проекти. Дали се тоа градоначалници на сите граѓани или градоначалници само на ВМРО-ДПМНЕ? Мицкоски со неговите увиди врши груба партизација на општините.
Во кое својство Мицкоски врши увиди, па дури и разговара со директори на јавни претпријатија под надлежност на општините? Дали Државната комисија за спречување на корупцијата, ќе реагира за оваа злоупотреба или чека некој друг да поднесе претставка? – стои во реакцијата на СДСМ.