Кривичниот суд Скопје ја потврди казната од 19 години затвор за Ангела Ѓорѓиевска во предметот „Пино”


Кривичниот суд Скопје денеска ја потврди првична казна од 19 години затвор за Ангела Ѓорѓиевска, обвинета за соизвршителство на убиството на Пинета Секондо-Пино.

Судскиот процес за овој предмет од страна на Апелациониот суд Скопје, беше вратен на повторно судење заради вештачењата. Во повторното судење вештачењата беа разјаснати од самите вештачи.

Судењето за овој предмет го водеше судијката Ленка Давидкова, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лидија Раичевиќ.

Прво обвинет во овој предмет е Али Фуркан, но постапката против него не се води од причина што тој е во бегство.