Русија ќе испорача повеќе гас ако побара Европа


 

Рускиот претседател Владимир Путин  изјави дека Русија е подготвена да испорачи поголемо количество гас, доколку Еропа тоа го побара, отфрлајќи ги наводите дека Москва ги намалила своите испораки од политички причини.

„Доколку побараат да го зголемиме количеството, ние сме подготвени тоа да го сториме. Ќе ја зголемиме испораката за онолку за колку што нашите партнери бараат. Нема одбивање, никакво“, изјави Путин кој се обрати на енергетска конференција во Москва.

Цените на гасот од септември достигнаа рекорди нивоа во Европа скокнувајќи до прагот од 2.000 долари за кубен метар, повеќе од десет пати, а Кремљ повеќепати ги отфрли обвинувањата дека Русија намерно го ограничува извозот на енергенсот за да создаде притисок за брзо одобрување на почетокот на работата на гасоводот Северен тек 2 кој го изгради со Германија.

На тој проект се спротиставија САД, балтичките земји од ЕУ и Украина, а Берлин одговори дека станува збор за американски пририсок за купување на нивниот течен гас (LNG), што во овој момент е преголема инвестиција.

Путин на таквите обвинвуања во средата рече дека се „целосни бесмислици“. Претходно неговиот портапрол Дмитри Песков за новинарите во Москва изјави дека рускиот енергетски гигант „Газпром“ испорачува во Европа план во максимални и рекордни количества според постечките договори, а дека за зголемување на испораките поребни се нови договори.

„Ништо не може да се стори без договори. Како? Бесплатно? Тоа е предмет на договорсо Газпром“, рече Песков.

Големопродажните цени на природниот гас достигнаа рекордни нивоа во повеќе европски земји, а сметките за домаќинствата и компаниите веќе остро пораснаа и со постуденото време би можело да станат уште поголеми.

Растот на цените на енергенсите во Европа, според стручњаците, е резултат на комбинацијата од неколку фактори: екононското закрепнување на светската економија по коронакризата и доглата минатогодишна студена зима, помалиот обем на снабдување во Европа која своите залихи од LNG ги продаде летото на поскапите јужноамерикански и азиските пазари, и зголемената побарувачка од другите делови на светот, во прв ред Азија која плаќа повисоки цени.

Од друга страна Европа станува сѐ позависна од природниот гас поради напуштањето на јагленот и нуклеарната енергија, а Русија и Норвешка, со наведување на договорите и техничките причини за ремонт на системите за испорака привремено ги намалија своите испораки.

За надмунување на кризата не помогнаа ниту природните фактори, како што е слабиот ветер на Северното Море, од каде Велика Британија обезбедува четвртина од својата енергија, како и сушата во Бразил кои ги намали производствените капацитети на хидроцентралите, пишува The Wall Street Journal.