Во Србија уште 6.699 заболени, починаа 51 пациент


 

Во Србија, во последните 24 часа регистрирани се 6.699 новозаболени со ковид-19, а истовремено починаа уште 51 пациент.

Во болница се лекуваат 6.597, а на респиратор се 288 пациенти.

Во теокт на пандемијата од последиците на ковид-19 во Србија починаа 8.892 луѓе, а процентот на смртност е 0,87.

Од почетокот на епидемијата тестирани се 5.920.403 примероци, а вирусот е потврден кај 1.024.497.