Загинаа двајца алпинисти чистејќи ги рударските силоси на Бучим


Две лица загинаа денеска во рудникот „Бучим“, членови на Алипинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш, кои биле ангажирани за чистење на високо недостапни силоси.Во официјалната изјава на рудникот „Бучим” стои дека во работната единица флотација се случил несреќен случај, при што двете лица се починати.

– Починатите лица се подизведувачи од Алпинистички клуб „Плоча“-Радовиш, ангажирани за извршување работни задачи-чистење на високо недостапни силоси. На местото на несреќата медицинскиот персонал на „Бучим“ веднаш ги презеде сите неопходни мерки за укажување на прва помош и настраданите лица се упатени кон ЈЗУ Здравствен Дом – Радовиш и ЈЗУ Клиничка болница – Штип, каде што е констатирана смрт, информираат од рудникот.

Оттаму посочуваат дека се известени и повикани сите надлежни органи што се бараат со закон во таков случај за извршување на увид.