Кој е уметникот што ги слика илустрациите на лауреатите на Нобеловата награда


Оние кои што го следат објавувањето на добитниците на Нобеловата награда, сигурно забележале дека првите информации за нив се проследени со насликани портрети, а не со фотографии на лауреатите. Овие впечатливи цртежи се дело на Никлас Елмехед, портрет уметник кој ги слика лауреатите од 2012 година.
На официјалниот твитер профил на Нобеловата награда привлече внимание објавата: „Откријте ја личноста која стои зад впечатливите илустрации на добитниците на Нобеловата награда за 2021 година: Никлас Елмехед“.
Истовремено, беше споделена фотографија од Елмехед како ги слика портретите на новите лауреати – Дмитриј Муратов и Марија Реса.

Елмехед ги слика портретите на лауреатите со впечатлива и чиста линија. Дополнително, портретите содржат ленти од златна фолија и човечка димензија. Елмехед излезе со нов стил бидејќи победниците треба да бидат претставени во свежо светло. Покрај тоа, графичката претстава ги става „на кул и ударни вести“.
Организацијата го избра овој стил бидејќи е „обединувачки и добредојден“. Дополнително, уметничкиот формат добро функционира, без оглед на форматот на гледање. Сепак, ова значи дека тој мора да работи многу брзо. „Тоа е како спортска трка – многу тренинзи и подготовки. Многу е посебно чувството кога е неделата на објавување (на добитниците)“.
„Ова е како да си во окото на торнадото“. „Знам дека повеќето од моите слики ќе допрат до многу милиони луѓе за неколку секунди откако ќе бидат објавени. Тоа е многу уникатно за визуелен уметник “.

Уметникот од Шведска вели дека идејата за користење слики, наместо фотографии, додека се објавуваат победниците е поради тоа што за многу од научниците лауреати прилично тешко е да се добијат квалитетни фотографии. „Ако барате фотографија, обично е многу пикселирана со мала резолуција на веб-страница некаде во светот. Го наоѓате само нивното лице на страницата за членовите на персоналот, снимено со лоша камера.”
Пред 2012 година, објавувањето на Нобеловата награда беше придружено со фотографии од наградените со ниска резолуција што комитетот можеше да ги најде на Интернет.

„Бев ангажиран како уметнички директор на Nobel Media и одговорен за целата визуелна содржина за време на објавите во 2012 година“, објаснува Елхемед на својата веб -страница.
Во 2017 година, Нобеловата награда помина низ „графичко преуредување“. Беше одлучено главната боја за најавите да биде златна, па така Елмехед дојде до идеја да користи златна фолија во неговите портрети.

„Многу експериментирав со различна златна боја и ‘паднав’ на златната фолија, супер тенка метална фолија што можете да ја ставите на сликата со специјален лепак. Заедно со црни контури, насликани на бела позадина, мислам дека портретите имаат многу силно и ексклузивно влијание “, вели тој.
На уметникот не му е дозволено да открие колку однапред ги знае имињата на победниците, но тој вели дека работи „прилично брзо“ и дека може да го заврши портретот за „неколку часа“.

Инаку, неговиот официјален профил на Твитер го илустрира со портетот на Боб Дилан, кој ја доби Нобеловата награда за литература во 2016 година, а деновиве се пофали дека го завршил и портретот на Алберт Анштајн.