Каде оди Америка – што ако еден ден таа влезе во Белата куќа


Вашингтон- Американската реалити ѕвезда Ким Кардашијан разговараше со американската потпретседателка Камала Харис за реформите во кривичното право на тркалезна маса организирана од Белата куќа, пренесува АП. Агенцијата наведува дека на тркалезната маса одржана во четвртокот биле истакнати напорите на американската администрација кога станува збор за реформите во кривичното право.

Белата куќа на тркалезната маса покани и четири лица кои беа помилувани од американскиот претседател Џозеф Бајден претходната недела.

Кардашијан ја посети Белата куќа додека Доналд Трамп беше претседател на Соединетите држави до ноември 2021 година, откако претходно воспостави соработка со зетот на Трамп, Џаред Кушнер, кој се занимаваше со прашања од кривичната правда, наведува АП.

Во објава на својата социјална мрежа минатиот ноември, Трамп ја нарече Кардашијан „најпреценетата славна личност во светот“, врз основа на анегдоти од неодамна објавената книга на новинарот на ABC News Џонатан Карл.

„Мислам дека не му се допаѓам многу. Но, јас сум во ред со тоа“, рече Кардашијан претходно оваа недела за изјавата на Трамп.