Маск се подготвува да собере шест милијарди долари за својот конкурент ChatGPT

Договорот - според кој инвеститорите ќе добијат 25 отсто од акциите во компанијата - може да се постигне во текот на следните неколку недели


Стартапот xAI, десетмесечен конкурент на OpenAI, собира 6 милијарди американски долари инвестиции, со цел да достигне проценета пазарна вредност од 18 милијарди американски долари.

Договорот – според кој инвеститорите ќе добијат 25 проценти од акциите во компанијата – може да се постигне во текот на следните неколку недели, доколку се биде добро.

Целната сума на инвестицијата наводно е двојно зголемена поради големиот интерес на инвеститорите, пишува Tech Crunch. Меѓу заинтересираните се Sequoia Capital и Future Ventures, а можно е да се приклучат и Valor Equity Partners и Gigafund.

Инвеститорите имаа одвоени разговори со Елон Маск и неговиот тим. Од она што имаа шанса да го слушнат, xAI има намера да ги поврзе дигиталниот и физичкиот свет, за што ќе се користат податоците од компаниите на Маск како Tesla, SpaceX, Boring и Neuralink и, се разбира, X.

Таа платформа веќе го вклучи четботот на xAI, Grok, како платен додаток. Податоците од други компании треба да завршат во Грок за да му овозможат да извршува задачи во физичкиот свет, како што се самоуправувачките автомобили.

Потенцијален корисник е и хуманоидниот робот Optimus на Tesla, кој би требало да може самостојно да работи во фабриката до крајот на оваа година.