Во Африка вакцината против корона вирус планираат да ја транспортираат со соларни фрижидери


  Соларен фрижидер е еден од одговорите на бројните предизвици во транспортот и складирањето на вакцините против корона вирус во Африка. Ако се знае дека вакцините на „Фајзер/Бионтек“ треба да се чуваат на температура од -75 степени Целзиусови, а оние на „Модерна“ на -20 степени Целзиусови, тогаш јасно е дека за тоа се потребни посебни […]

Љупчо Димовски избран за лидер на СПМ


  Пратеникот Љупчо Димовски е избран за претседател на Социјалистичката партија на Македонија на деветтиот конгресот на партијата што се одржа денеска во Кратово.Тој доаѓа на местото на Љубисав Иванов – Ѕинго, кој 25 години беше претседател на социјалистите, а почина во ноември, минатата година. Димовски е поранешен министер за земјоделство во една од владите […]

Македонските одбојкари се пласираа на Европско првенство!


Македонската репрезентација во одбојка вторпат по ред ќе игра на Европско првенство. Нашата селекција денеска дојде до потребниот триумф од 3:1 над репрезентацијата на Турција, и заедно одат во завршницата на ЕП кое ќе се одржи во вториот дел од годинава. Турција на првата средба славеше 3:1, но вечерва Македонија успеа да врати со иста […]

Сите 50 сојузни држави на САД се во готовност поради можни протести


 Сите 50 сојузни држави во САД и областа Колумбија викендов се во состојба на готовност поради можни насилни протести на противниците на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џозеф Бајден, што ќе се одржи в среда Припадници на Националната гарда од сите делови на земјата веќе се испратени во Вашингтон да обесхрабрат какво било можно повторување на […]

Филипче: Офталмологија и оториноларингологија почнуваат со редовна работа


Од следната недела во функција се враќаат повеќе одделенија, офталмологија и оториноларингологија почнуваат со редовна работа, најави министерот за здравство Венко Филипче. Од анализите што се прават во МАНУ дали има дополнителни мутации на вирусот кај последните новодијагностицирани ковид случаи, како и целосната епидемиолошка состојба, ќе зависат идните мерки. -Кај нас досега се детектирани осум […]

Наредена масовна евакуација на аеродромот во Франкфурт поради закана со огнено оружје


 На еден од најголемите аеродроми во Европа, оној во Франкфурт, полицијата нареди масовна евакуација на присутните поради наводна закана со огнено оружје. Неколку сектори на аеродромот се затворени поради постапката на полицијата, која побара од граѓаните да не ги споделуваат снимките од овој настан на социјалните мрежи. #Frankfurt Airport. Mir ist leider nicht bekannt, ob […]

Втор висок пораз на македонските ракометари на Мундијалот во Египет


Македонската ракометна репрезентација го претрпе и вториот убедлив пораз на Светското првенство, откако вечерва загуби од домаќинот Египет со 38:19 (20:6) во натпревар од второто коло во групата Г. По завчерашниот пораз од Шведска со 32:20, македонската репрезентација повторно со порозна одбрана и безброј технички грешки во нападот уште на самиот почеток на мечот влезе […]

Беровчанец глумел дека е киднапиран, изнудил 10.000 евра од таткото


– Дваесет и деветгодишник од беровското село Будинарци e лишен од слобода откако од својот татко изнудил 10 илјади евра преку лажна изјава за негово киднапирање. Полицијата го товари лицето М. П. (29) за сторено кривично дело „изнуда“. -Неговиот татко Д. П. (57) на ден 15 јануари 2021 година околу 18 часот во надворешната канцеларија […]

Првата доза од вакцината во Велика Британија досега ја примиле 3,6 милиони лица


Според владини податоци, со првата доза од вакцината против Ковид-19 досега во Велика Британија се вакцинирани 3,6 милиони лица. Британските медиуми наведуваат дека целта на владата на Џонсон е првата доза на вакцината против Ковид-19 до средината на февруари да ја примат 15 милиони лица. Втората доза, пак, до денеска ја имаат примено  447.261 лица. […]

Се уби осомничениот за трикратно убиство во Србија


  Осомничениот 44-годишен маж кој изврши трикратно убиство во едно српско село, пронајден е мртов од страна на полицијата. Полицијата го пронашла телото и пиштолот со кое се верува дека ги извршил биствата во шумата во околината на Сеница. Тој се убил откако полицијата го опколила. Инаку, денеска околу пладне тој ги уби неговата сопруга, […]

Фуере: Мислам дека изборите во Бугарија нема да донесат ништо ново, па нема поента ЕУ да чека за да дејствува


 Поранешниот амбасадор на Европската унија во нашата земја, Ерван Фуере, ја повика Европската унија да се вклучи во решавање на македонско-бугарскиот спор, бидејќи во спротивно смета дека може да се заглавиме во оваа ситуација извесно време. – Мислам дека изборите во Бугарија, за жал, нема да донесат ништо ново, па нема поента ЕУ да чека […]

Во Данска пријавен првиот случај на новиот вид на коронавирус од Јужна Африка


Данска го регистрираше првиот случај на позаразниот вид на коронавирус, откриен во Јужноафриканската Република, јави денеска Државниот институт за серуми. Според Институтот, станува збор за вид на вирус познат како Б.1.351 / 501Y, пренесуваат британските медиуми. Претходно данските здравствени власти денеска јавија дека во земјата се регистрирани вкупно 256 случаи на инфекција со Б117, исто […]

Близок соработник на Навални притворен во Москва


Суд во Москва денеска му одреди мерка притвор до 28 февруари на Павел Зеленски, член на Фондацијата за борба против корупција на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, под обвинение дека на Интернет поттикнувал на екстремизам, се наведува во соопштението на судот. На Зеленски му е одреден притвор само еден ден пред планираното враќање на Навални […]

Еди Рама за помошта од Бугарија за Македонија: Ветија, а не дадоа ни 100 вакцини


  Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека земјите од регионот се оставени на милост и немилост околу вакцините  и притоа го посочи фактот дека некои земји од ЕУ ветиле помош, а ништо не дале досега.  „Кажете ми дека Македонија започна! Не започна, за жал требаше да започне, но не започна. И не е виновна Македонија. […]

Германија службено ги победи Зеленортските Острови, двајца ракометари се позитивни на Ковид-19


Интернационалната ракометна федерација, ИХФ, објави дека се појавиле два позитивни случаи на заразени играчи во селекцијата на Зеленортските острови (Капе Верде). Двајцата ракометари од оваа африканска репрезентација се испратени во изолација, но овој случај носи многу проблеми, пренесе СпортМанија. Од Зеленортските острови тврдат дека двајцата позитивни на почетокот на јануари веќе биле позитивни, но пред […]

Соборен светскиот рекорд во трискок во сала


Хуго Фабрис Занго (27) е нов светски рекордер во трискок во сала со 18.07 метри. Атлетичарот од Буркина Фасо попладнево на митингот во францускиот Обиер стана првиот натпреварувач во историја кој ја мина границата од 18 метри во сала, соборувајќи го рекордот што досега го држеше неговиот тренер, Французинот Теди Тамго, со прескокнати 17.92 метри […]

Пред пратениците ќе бидат презентирани информации поврзани со преговорите со Бугарија


Претставници на Владата на Република Северна Македонија се подготвени пред пратениците да презентираат информации поврзани со преговорите со Република Бугарија, потврдија од Владата за МИА. -Во комуникација потврдено е дека постои интерес за одржување на сесијата во Собранието, периодов ќе следи усогласување на термините согласно агендите, по што јавноста ќе биде информирана, дополнуваат од Владата. […]

Висок број оздравени, дури 2.116, новозаразени 361, починаа 14 пациенти


Во последните 24 часа се направени 2.176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 164 -Куманово 17 -Тетово 12 -Прилеп 15 -Гостивар 16 -Штип 8 -Битола 4 -Велес 16 -Охрид 13 -Струмица 9 -Кавадарци 8 -Струга 5 -Кочани 9 -Кичево 10 -Гевгелија 2 -Неготино 4 -Делчево 6 -Дебар 7 -Крива Паланка […]

Германија, Франција и Велика Британија го повикаа Иран да го почитува нуклеарниот договор од 2015 година


 Германија, Франција и Велика Британија денеска го повикаа Иран да се откаже од последното планирано кршење на нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година, соопштувајќи дека  Техеран „нема убедлива причина да го користи металот ураниум “, чие производство го најави. Во заедничката изјава на германските, француските и британските министерства за надворешни работи се наведува […]

Починаа пет корисници на старечки дом крај Рим, се отруле со јаглерод моноксид


  Пет корисници на дом за стари лица сместен јужно од Рим, во Италија, пронајдени се мртви во саботата, а останатите пет и двајца негуватели, се во критична состојба, откако веројатно биле отруени со јаглерод моноксид, соопштија властите. „За жал, може да потврдиме дека имаме пет смртни случаи. Уште пет штитеници и двајца негуватели се […]