Се уби осомничениот за трикратно убиство во Србија


 

Осомничениот 44-годишен маж кој изврши трикратно убиство во едно српско село, пронајден е мртов од страна на полицијата.

Полицијата го пронашла телото и пиштолот со кое се верува дека ги извршил биствата во шумата во околината на Сеница.

Тој се убил откако полицијата го опколила.

Инаку, денеска околу пладне тој ги уби неговата сопруга, мајка ѝ и татко ѝ, а тешко е ранет нејзиниот брат.

Повредени се уште тројца други, соседи, кои во моментот на убиствата се нашле таму.

Наводно, претходно имало семејна расправија, по што зетот пукал во членовите на семејството од сопругата и во неа.

Нејзиниот брат кој има тешки рани во градите е во болница и лекарите му се борат за живот.

Инаку, селото каде се случиле убиствата се наоѓа на Пештерската висорамнина каде температурата е – 15 степени Целзиусови, па поради тоа транспортот на ранетите во болница бил отежнат.